Денеска на Маркетинг365 имаме задоволство да поразговараме со Милица Поповиќ, Комуникациски експерт во PrPepper, дел од Bee Premium Group Србија. Ќе прочитаме „од прва рака“ за предизвиците со кои се соочуваат брендовите и агенциите на српскиот пазар и регионот при креирање на комуникациските стратегии за онлајн пазарот, како тоа се одразува на целната публика која е активна на социјалните мрежи кои заземаат најголем дел од „колачот“ при креирање на комуникациските стратегии и накратко, за новата платформа BeeShaper, најголемата word-of-mouth платформа во Југоисточна Европа.
M365: Здраво Милица, дали би скале најпрво кратко да се претставите пред читателите на Маркетинг365?
Милица Поповиќ: Доколку би ви рекла дека сум само од Србија, многу би погрешила. Најточно би било да речам дека сум „Femina Balkanika“, како и што ме нарекуваат моите пријатели, затоа што мојот живот приватно и професионално е поврзан со речиси сите балкански земји. Моето претходно професионално искуство го градев во Словенија, каде работев во агенција која се занимава со лобирање и стратешко комуницирање во политиката.
Студирав новинарство, но и за време на самите студии преминав на „другата страна“. :) Им останав верна на медиумите, а моментално работам на имплементација на комуникациските стратегии кои ги креираме за нашите клиенти. Работам и учам во необичната Bee Premium Group, во која сум опкружена со необично добри луѓе и клиенти. Во некој друг контекст, би биле сосем обични. Контекстот, не секогаш можеме да го бираме, меѓутоа себеси да. Така избравме да и помогнеме на маркетинг индустријата да биде подобра и похумана.
M365: Како би ја опишале моменталната состојбата во онлајн пазарот во Србија? Како изгледа огласувачката/е-маркетинг „рамка“ во однос на минатата година и денес? На кои канали брендовите претендираат да ги трошат своите буџети?
Милица Поповиќ: Во текот на минатата 2014 година во Србија за online реклами беа потрошени околу 10% од целокупниот рекламен пазар во земјата.
Моментално, можеби малку заостануваме во однос на имплементирањето на глобалните онлајн трендови, но во едно сигурно не. Се повеќе и повеќе, претендираме да „страдаме“ од истата „болест“ – се инвестираат поголеми буџети за е-маркетинг кампањи од страна на брендовите, но резултатите од кампањите не се задоволувачки. Буквално сите влегуваат во овој „занесен круг“ и брендовите/огласувачи, онлајн агенциите и крајните потрошувачи.
Брендовите своите буџети за маркетинг ги распоредуваат „на готово“ на сите канали на комуникација кои ги имаат на располагање, онлајн и офлајн. Идеално би било доколку на основа на нивнтата комуникациска стратегија и врз основа на целните групи на брендот да се определи и каналот на комуникација. Така ресурсите би се користеле оптимално. Меѓутоа, тоа не е секогаш случај и често гледаме дека брендовите се појавуваат на некои места затоа што тој канал на комуникација во дадениот момент е нов или популарен, на пример во Србија во последно време тоа е Twitter, иако прашање е колку тука можат да ја таргетираат својата целна група, колку reach остваруваат и какви се ефектите на кампањите воопшто.Тоа што нашиот регион не секогаш го става на прво место, а се однесува на маркетинг кампањите е креативноста! А креативноста секогаш е во тренд. :)
M365: Онлајн огласувањето нуди различни комуникациски канали, меѓутоа најискористени регинално и локално се социјалните медиуми. Кога тие (социјалните медиуми) носат резултати и со какви предизвици се соочуваат „двете страни“ (брендовите и агенциите) кога ќе се земат во предвид социјалните медиуми како Facebook, Google и сл ?
Милица Поповиќ: Огласувањето на социјалните медиуми во некои случаи може да донесе феноменални резултати. Меѓутоа, на глобално ниво, а ние ни малку не заостануваме зад светските трендови, довербата кон дигиталните агенции благо опаѓа. Тоа се потврди со истражувањето од Nielsen, во статијата: „The State of Digital Brand Advertising.“ Меѓутоа, коренот на проблемот не е во агенциите. И тие самите не ги добиваат од друштвените мрежи потребните резултати и прецизност.
Да речеме, дел од маркетинг експертите се жалат дека Facebook премногу малку се фокусира за она што на нив им е важно, односно автентично поврзување на брендовите и луѓето.
На овој социјален медиум се креира „балон цена“ на огласите (ads), исто така и на кликовите затоа што поголемите огласувачи вложуваат огромни буџети за огласување на Facebook, а притоа не ја разбираат „суштински“ оваа друштвена мрежа. Поради тоа, помалите и локални огласувачи, кои и најмногу можат да добијат бенефит од рекламирање на Facebook, неможат да ги платат огласите и избираат и други начини на онлајн адвертајзинг, дури се разгледува и некоја „offline“ варијанта.
Најголемата огласувачка мрежа Google, кон крајот на минатата година,во декември, сам призна дека 56,1% од буџетот се „фрла“! Тоа е страшен податок. Тоа би значело дека толкав процент на огласи, воопшто не е прегледан од целната публика за која е наменет, а огласувачите секако огласуваат користејќи ги опциите за огласување.
M365:Како сите овие предизвици со кои се соочуваа онлајн пазарот влијаат на нас, поточно на публиката за која и истите се наменети?
Милица Поповиќ: Ситуацијата не е најдобра. Луѓето најчесто се незадоволни што некои огласи, кои не се од задоволителен квалитет, ги вознемируваат додека го поминуваат своето време на друштвените мрежи/медиуми. Тоа незадоволство води кон се поголемо користење на опцијата „ad blocker“, а со тоа голем дел од целната публика е „слепа“ за онјлан адвертајзингот. Така што и тој мај дел кој доаѓа до нас, останува незабележан. (Reuters Digital News Report for 2015). Банер адвертајзингот, како дел од онлајн адвертајзингот поминува низ егзистенцијална криза. И помеѓу целната публика и помеѓу експертите во нашата индустрија постои збунетост поради се помала транспарентност и поради можните неправилности.
M365: Од неодамна како дел од „семејството“ на Bee Premium Group, кое го сочинуваат ентитетите PRpepper, Bee Tech&Creative, i PROmetric, се формираше и најновата платформа BeeShaper. Што BeeShaper им нуди на брендовите и како дојде идејата за креирање на оваа платформа?
Милица Поповиќ: BeeShaper настана при решавање на потребите на нашата агенција, а потоа природно го оставивме на располагање на останатите колеги и компаниии. Тоа е платформа за е-маркетинг која на едно место ги спојува брендовите и луѓето.
Очигледно е дека има потреба на одржлив и смислен начин да се надмине тој голем јаз помеѓу брендовите и луѓето. Со BeeShaper, брендовите добиваат автентичен, „човечки“ глас, кој го добиваат од луѓето кој го разбираат брендот и имаат изградена доверба во својата заедница. Дополнително, брендовите мораат да изградат и да ја одржуваат довербата помеѓу себе и своите корисници, затоа што довербата е нивната највредна валута. Така што тука мора да се истакне дека транспарентноста нам ни е особено важна.
И секако, сите горенаведени карактеристики го претставуваат BeeShaper – кој момемнтално е најголемата Word-of-mouth блогерска платформа во Југоисточна Европа, со повеќе од 10 000 регистрирани корисници и 400 000 блогери. Тие помагаат пораката за брендот да се прошири со автентичен, „човечки“ глас. Резултатите кои ги предизвика BeeShaper во првите осум месеци се супер охрабрувачки – и за брендовите и за индивидуалните корисници.
За крај … :) Интернетот е преубаво место и ова е нашиот начин за да им помогнеме на брендовите и колегите од дигиталните агенции, но секако и на сите корисници на друштвените мрежи и кои се активни на нет, а истовремено од себе да го извлечат најдоброто за истите.