Во свет полн со краткотрајни блесоци, постојат вредности што не подлегнуваат на времето. Вредности трајни што се како дијаманти, врежани длабоко во сеќавањето на генерациите. Божиновски часовници и накит ја имаат истата мисија уште од самиот почеток – да ја препознаат и овековечат вистинската скапоценост.
Таа мисија природно се сретна со фестивалот „Браќа Манаки“ – најстарото филмско чествување на Балканот и еден од најсилните симболи на културен континуитет кај нас. Преку долгогодишна соработка, оставивме белег што останува: од симболичните ѕвезди на Широк Сокак, до дијаманти во чест на филмската магија и луѓето кои ја создаваат. Секој проект е потсетник дека вистинската уметност не е минлива – таа е наследство.
Минатата година, Божиновски во партнерство со фестивалот „Браќа Манаки“ ја претвори главната шетачка улица на Битола – Широк Сокак – во жив музеј. Ѕвезди со имињата на добитниците на „Златна камера 300“ го претворија главното битолско шеталиште во отворен музеј на филмската историја почнувајќи од браќата Манаки, па сè до великаните како Свен Никвист, Виторио Стораро, Роџер Дикинс, Данте Спиноти, Робби Милер, Џон Сиел, Бруно Делбонел и многу други.
Овој проект ќе продолжи сè додека сите имиња не бидат врежани таму каде што заслужуваат.
Овие ѕвезди не се само декорација, туку трајна патека на благодарност. Тие ја претворија улицата во културно наследство на отворено, место каде што Битола гордо ја запишува својата улога во светската филмска историја, а следен проект ќе биде да издејствуваме некои улици во Битола ги носат имињата на најпознатите филмски творци на светот.
Дијамантите како симбол на вечноста
Божиновски часовници и накит во изминатите 15 тина години додели повеке од 50 дијаманти на најголемите гости на фестивалот, дијаманти – симбол на совршенство и вечност. Како што дијамантот никогаш не ја губи својата светлина и вредност, симболизирајќи го и нивниот придонес кој останува траен, безвременски.
Големата Ѕвезда – имиња за вечност
Посебно место во оваа симбиоза го зазема признанието „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ – награда за автори од Македонија чии имиња не се врежани само во камен или метал, туку во самото ткиво на нашата култура.
Некои од досегашните добитници се: Столе Попов, Бајрам Северџан, Горјан Тозија, Лабина Митевска, Димитар Грбевски, Кирил Џајковски…
Поуката од бисерот и петелот на Крилов….
Како што вели Крилов во својата басна – некои не знаат да препознаат бисер пред нив, затоа што гледаат само корист во моментот. Нашата улога е спротивна: ние ги препознаваме тие бисери на културата и се грижиме нивната светлина да остане.
Божиновски часовници и накит, бренд роден во Битола, и фестивалот „Браќа Манаки“, гордост на Битола со светско значење, заедно ја испраќаат истата порака: уметноста не е миг. Таа е наследство. Светлина што останува да ги води и оние што ќе дојдат по нас.