На почетокот на октомври, Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА) го одржа своето редовно годишно собрание, на кое беа избрани нов претседател и членови на Управениот и Надзорниот одбор на здружението. Избраните членови претставуваат главно нови засилувања во редовите на асоцијацијата.
На местото на досегашниот претседател Чавдар Кенаров, основач и креативен директор на Noble Graphics, доаѓа Катја Димитрова, коосновач и управувачки партнер на комуникациската група Interpartners. Таа била проактивно номинирана и избрана со поддршка од членовите на асоцијацијата.
Меѓу приоритетите на Димитрова ќе биде популаризацијата на двата најзначајни бугарски огласувачки фестивали – ФАРА и Effie Bulgaria, кои претставуваат клучни платформи за промоција на креативноста и ефикасноста во бугарската маркетинг индустрија.
Досегашниот претседател Чавдар Кенаров од Noble Graphics и Марија Григорова од NEXT-DC остануваат дел од новиот Управен одбор како знак на континуитет и наследување на значајните иницијативи на БАКА.
Останатите членови на Управниот одбор на здружението се целосно нов состав, кој го сочинуваат:
- Катја Димитрова (нов претседател) – Interpartners Group
- Десислава Стојанова – Publicis Groupe Bulgaria
- Марија Славова – All Channels Communication
- Мартин Димитров – Nitram
- Никола Цанов – Human
На својата прва седница, Управниот одбор ја назначи Десислава Стојанова за заменик-претседател на Асоцијацијата.
Во новиот Надзорен одбор, пак, членуваат: Иво Цеков (Direct Media), Јордан Јорданов (Media Planning Group) и Светослав Дабов (Аргент-2002).
Новото раководство на БАКА претставува баланс меѓу креативни, медиумски и комуникациски агенции, и е јасен знак за стремежот на Асоцијацијата да биде препознаена од сè поширок спектар агенции како професионална заедница и гарант на нивните интереси.