Генералниот директор на Убер (Uber) за Источна Европа, Anthony le Roux, во Ровињ ќе ги открие деталите за плановите за регионот на овој алтернативен такси превозник.
Осмиот Weekend Media Festival (WMF) на сите свои учесници и регионалната јавност им носи уште една бизнис и медиа атракција: учеството на фестивалот го потврди главниот човек на најуспешната и најконтроверзната светска start-up компанија, американскиот Убер. Генералниот директор на Uber за Источна Европа, Anthony le Roux, во Ровињ ќе ги открие деталите за плановите за регионот на овој алтернативен такси превозник.
„Uber во Америка бележи голем успех и стана start-up компанија која најбрзо ја помина вредноста од 50 милиони долари во историјата на start-up компаниите. Во Европа Uber се соочува со големи проблеми со регулаторните и државните тела, па ќе биде многу интересно да се дознае како со тие проблеми планира да се избори во Хрватска и останатите држави од регионот. Предавањето на Anthony le Roux сигурно ќе биде гурмет на нашиот фестивал“, истакнува Никола Врдољак, програмски директор на WMF.
Осмиот Weekend Media Festival се одржува од 24 до 27 септември на добро познатиот простор на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на групацијата Адрис. Викендската “осмица“ оваа година носи неколку нови, бизнис теми со повеќе од 130 говорници и изобилство на интересни и актуелни предавања, панел дискусии, работилници и презентации.
Пријавувањето за овогодинешниот Weekend Media Festival веќе започнаа на: www.weekendmediafestival.com.