Havas Media е избрана како нова агенција за медиумско планирање и закуп за авиопревозникот Emirates од Обединетите Арапски Емирати, со буџет од околу 190.5 милиони долари годишно.
Авиокомпанијата со седиште во Дубаи се одлучи за Havas по интензивен конкурентен процес во кој учествуваа сите шест најголеми светски комуникациски групации. Во финалниот избор влегоа IPG Mediabrands, WPP Media и Havas Media, при што токму Havas го доби вредниот договор.
Компанијата е препознатлива како еден од најистакнатите светски брендови во областа на спортското спонзорство. Нејзиното богато портфолио опфаќа партнерства со познати фудбалски клубови како Реал Мадрид и Арсенал, големи натпреварувања како англискиот ФА Куп, американската кошаркарска лига НБА, Светското првенство во рагби, сите четири гренд-слем турнири во тенис, но истот така и бројни настани во едрење, коњски трки и велосипедизам.
Овој договор претставува повторно здружување на Emirates и Havas Media, кои соработуваа и во периодот од 2013 до 2020 година. Повторното воспоставување на партнерството укажува на зацврстување на довербата и стратешката усогласеност меѓу двете компании.
Оваа вест следи по неодамнешната најава дека Havas влезе во заедничко вложување со Horizon Media, со цел да ги засили услугите за мултинационални клиенти на пазарот на Соединетите Американски Држави.