Два глобални брендови, Coca-Cola и Converse, здружија сили за нова модна колекција инспирирана од љубовта, креативността и радоста на заедништвото.
Колекцијата ги спојува препознатливите дизајнерски елементи на Кока-Кола со безвременските силуети на моделот патики „Chuck Taylor“ на Converse, именувани по американскиот кошаркар Чак Тејор, кој воедно бил и прв амбасадор на брендот. Во срцето на оваа кампања се наоѓа едноставна идеја: „сите сме Чак, и секоја приказна заслужува да биде раскажана“ – било преку омилен пар патики, било преку споделено шише Кока-Кола.
Колекцијата ја спојува традицијата на самоизразување на Converse со долготрајното наследство на Кока-Кола во обединувањето на луѓето, создавајќи современа прослава на оптимизмот, заедништвото и личниот стил. Ѕвезда на кампањата е американскиот рапер Винс Стејплс во улогата на „Чак“, снимена под режисерска палка на Бредли Калдер и со фотографија на Сем Балабан.
Колекцијата се темели на моделот патики „Chuck 70“ во препознатливата црвено-бела палета на Кока-Кола, со детали инспирирани од динамичната лента на логото и формата на винтиџ стаклените шишиња на газираниот пијалак.
Дополнително, моделите „Chuck Taylor All Star“ се нудат во четири варијанти на бои: класична, снежно бела, сребрена и црна – секоја инспирирана од различен вкус на Кока-Кола. Можноста за персонализација преку врвки, внатрешни подлошки и ознаки им овозможува на носителите да додадат личен печат на својот пар.
Колекцијата ја заокружуваат парчиња облека и модни додатоци, меѓу кои се дуксер, маица, торба и волнена капа. Специјалните персонализирани модели „Converse by You“, инспирирани од кампањата „Сподели Кока-Кола“, ќе бидат достапни исклучиво на пазарите во Северна Америка и Западна Европа.