Вечерва во крајбрежниот словенечки град Порторож заврши уште едно успешно издание на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum. Настанот беше крунисан со церемонијата на доделување награди за најуспешните креативни проекти од регионот, Европа и пошироко.
Притоа, македонската агенција McCann Skopje и клиентот Халкбанк АД Скопје освоија бронзена награда за кампањата „Made in Shade“ („Во Сенка“), во категоријата „TV/Cinema Film“.
Кампањата е инспирирана од големото значење на шумите во македонската култура, при што компанијата најави засадување на еден милион дрвја – најголемата зелена донација во историјата на земјата. Пораката беше раскажана преку едноставниот, но значаен дар кој го нудат дрвјата – нивната сенка, како место на игра, џагор и заедништво.
Во ова кратко, но ефективно љубовно писмо кон природата, користејќи го дрвото како симбол на живот и обнова, Халбанк и McCann Skopje потсетија на важноста за грижа и свесност кон природата.
Сите пријавени и наградени кампањи на Golden Drum 2025 можат да се разгледаат на следниот ЛИНК.