SoMo Borac 2025 наскоро ќе се одржи во Mozaik Event Centar во Загреб, а конечно се познати и „најдобрите од најдобрите“ според мислењето на стручното жири. Од сите пристигнати пријави, стручното жири го направи изборот на финалисти кои на 24 октомври, на свеченото доделување на наградите, ќе дознаат дали токму нивниот проект е меѓу добитниците во вкупно 16 категории на секциите за Огласување и Медиуми.
Жирито е составено од повеќе од 80 експерти од целиот регион, кои ја имаат честа да ги изберат најдобрите регионални дигитални остварувања. Процесот на жирирање се состои од два круга – првиот круг е завршен и избрани се проектите што влегуваат во потесниот избор, а следува вториот круг, во кој ќе бидат избрани добитниците во сите категории, што ќе бидат објавени и наградени на церемонијата во Загреб.
Жирито за секцијата Огласување имаше сериозна задача, имајќи предвид дека се работи за 11 категории обединети во рамките оваа секција. Меѓу нив е и новата перформанс-категорија „SoMo Video Impact“, која наградува видео содржини што постигнале врвни резултати, како и проширената категорија „Digital Product of the Year“, што оваа година доби меѓународен карактер. Жирито за оваа секција беше поделено во четири групи, при што секоја група оценуваше по три категории. Претседателка на жирито е Вања Ваничек, директорка за маркетинг, корисничко искуство и корпоративни комуникации во E.ON Хрватска. Оваа година најголем број пријави има во категоријата „SoMo Content“, а сите финалисти се објавени на официјалната веб-страница на SoMo Borac на следниот ЛИНК.
За нас, во случајов, е важно да се истакне дека во секцијата Огласување имаме и македонски финалист, и тоа во дури пет категории. Се работи за кампањата „Избриши ја омразата“ („Flush the Hate“) од агенцијата Saatchi & Saatchi Skopje за клиентот Македонски Телеком, која што влезе во потесниот избор на финалисти во категориите: „SoMo Content“, „SoMo Video Impact“, „SoMoRitanac“, „Digitalna aktivacija“ и „Digital mix“.
Во секцијата за Медиуми, заинтересираните издавачи можеа да ги пријават своите проекти во пет категории, а со жирито претседаваше Анамарија Тодориќ, директорка за дигитална стратегија во Večernji list и 24sata и членка на Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI). Асоцијацијата е соорганизатор на SoMo Borac веќе трета година по ред, а нивниот придонес од година во година ја зајакнува секцијата за Медиуми. Оваа година воведена е новина во форма на наградата „Northern Star“, што ќе се доделува на проекти, кампањи и соработки меѓу огласувачи, агенции, медиуми и институции кои со своето дејствување придонесуваат кон зајакнување на независноста, транспарентноста и иновативноста на хрватскиот дигитален екосистем. Наградата е наменета за членките на HUDI, а пријавите ќе ги оценува извршниот одбор на здружението. Финалистите на медиумската секција се објавени на дадениот ЛИНК.
Сè уште можете да ги набавите своите влезници за тринаесеттото издание на SoMo Borac, а сите новости да ги следите преку официјалниот newsletter, или преку профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn.