Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA) и Effie Awards Europe ги открија финалистите за 2025 година, одбележувајќи го најуспешното издание во историјата на наградите Effie Europe. Годинешните пријави уште еднаш ја одразуваат насоката на маркетинг индустријата ориентирана спрема целите на општественото добро и одржливоста.
Најефективните маркетинг кампањи на годината ги оценуваше жири составено од речиси 250 експерти од 25 европски земји, со кое копретседаваа Барбара Сала, глобален виш директор за медиумска стратегија во Coca-Cola, и Свен Хубертс, претседател за глобални искуства и иновации во Dentsu.
Од вкупно 102 финалисти, 35 кампањи влегоа во потесниот избор во категоријата „Multi-Market“, 19 во „Positive Change Effies“, а 48 во сегментот „Best of Europe“. Категоријата „Positive Change“ забележа рекорден број пријави, што дополнително ја потврдува сè поголемата посветеност на брендовите кон создавање долгорочно и значајно влијание.
Финалистите доаѓаат од широк спектар агенции и пазари, меѓу кои Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Израел, Италија, Летонија, Холандија, Полска, Романија, Сингапур, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Украина и Обединетото Кралство.
Целосната листа на финалисти е достапна за разгледување на следниот ЛИНК.
Добитниците на златни, сребрени и бронзени награди ќе бидат прогласени на свечената церемонија закажана за 10 декември во Брисел. Гала-вечерта претставува кулминација на настанот Effie Day – целодневна прослава на креативноста и ефективноста.
















