Шпаркасе Банка АД Скопје го претставува првиот депозит за млади на пазарот VIBE ON Флекси депозит – нов, модерен и единствен депозитен производ наменет за млади од 18 до 28 години, создаден за генерацијата што сака слобода, флексибилност и контрола над своите финансии.
Со VIBE ON Флекси депозитот, младите добиваат можност да штедат по свои правила, да прават дополнителни уплати и исплати во кое било време и со тоа да го задржат својот финансиски ритам без ограничувања.
Депозитот е достапен во денари и во евра, со промотивна фиксна каматна стапка до 2,80 % за денари и фиксна каматна стапка до 2 % за евра, рочност од 12 или 24 месеци и минимален износ за отворање од 6.000 МКД / 100 ЕУР.
„Шпаркасе Банка продолжува со својата мисија за креирање производи наменети за младите, со фокус на финансиска едукација и поттикнување одговорно управување со личните финансии. Новиот производ е осмислен да ги препознае и да ги поддржи можностите и потребите на младите, овозможувајќи им да го направат првиот значаен чекор кон создавање навика на штедење – на начин што е едноставен, модерен и флексибилен. VIBE ON Флекси депозитот ја следи динамиката на младите и им овозможува целосна слобода во управувањето со своите средства, без притисок и со можност за штедење во сопствен ритам“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
VIBE ON е платформата преку која Шпаркасе Банка креира иновативни решенија за младите, поттикнувајќи финансиска независност и одговорност.
Повеќе информации на: www.sparkasse.mk















