Од 31 октомври до 2 ноември, најголемиот претприемачки настан во Северна Македонија, Startup Weekend Skopje 2025, во организација на солвео 8ма година по ред, собра повеќе од 45 учесници и 8 тимови — млади иноватори, програмери и претприемачи со заедничка мисија – да креираат современи fintech решенија. Оваа година, фокусот беше на растечкиот fintech сектор, кој ги спојува финансиските и технолошки услуги за подобро и полесно управување со финансии. Од првите презентации во петок до финалните излагања во недела, енергијата, љубопитноста и желбата за успех беа неверојатни.
Трендовите на Fintech се со огромен потенцијал да создадат иновативни алатки што го менуваат начинот на кој размислуваме за финансиите. Тие поставуваат високи стандарди преку користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, и обезбедуваат поедноставни и побезбедни решенија од областа на финансиските услуги.
Финтех индустријата, која означува синергија помеѓу финансии и технологии, се покажа како клучен двигател во олеснување на пристапот до финансиски средства, персонализација на услугите и зголемена безбедност преку биометриски верификации и AI решенија. На Startup Weekend-от, учесниците имаа можност да го користат овој потенцијал преку развој на апликации за паметно буџетирање, автоматизација на трансакции и интеграција на одржливи практики.
Во текот на повеќе од 54 часа, идеите прераснаа во прототипи, а предизвиците во можности. Секој тим покажа што може да се случи кога идеите ќе се спојат во соработка и кога заедницата верува во градење нешто поголемо.
Голема благодарност кон нашите долгорочни партнери ProCredit Bank Macedonia и Mastercard, кои третата година по ред ја поддржуваат оваа патека и имаат вера во новата генерација fintech иноватори.
Со поддршка од 17 ментори од сферата на fintech, финансии и претприемништво, учесниците развија и презентираа свои иновативни идеи.
Улогата да ги изберат најдобрите идеи и тимови, како и секогаш му припадна на извонредното жири.Тие внимателно ги разгледуваа сите презентирани решенија, давајќи вредни сугестии и критики кои помогнаа да се издвојат проектите со најголем потенцијал. Жирито го сочинуваа Ана Николова од ProCredit Bank Macedonia, Јасен Димитров од Mastercard, Катерина Бошеввкса од EOS Matrix Macedonia, Филомена Пљаковкса Аспровска од CaSys и Сашка костовска – Длака, Input dooel. Со нивната посветеност и експертиза, тие обезбедија вистинска поддршка за натпреварувачите и ја зацврстија важноста на овој иновациски настан.
- место – Edu Pari: Во време кога сме сведоци на финансиски измами, лоши инвестиции и лошо менаџирање со пари, апликацијата Edu Pari преку забавен и адаптиран метод за различна возраст го подига нивото на финансиска едукација во Македонија, помагајќи им на луѓето да донесуваат правилни финансиски одлуки.
- место – DebtNet: Решение за наплата без плаќања преку повеќестрани компензации што ги олеснува финансиските односи и ги намалува проблемите со побарувања.
- место – Jointly: Нов fintech концепт наменет за парови, кој нуди дигитално искуство за градење финансиска доверба и транспарентност од самиот почеток. Со трансформација на традиционалните парични подароци во споделено финансиско решение, Jointly им овозможува на паровите да започнат живот заедно со транспарентност и сигурност.
Честитки до сите учесници на овогодинешниот настан за нивната креативност и иновативен дух, со надеж дека овие идеи имаат потенцијал да прераснат во одржливи бизниси.
















