Истражувањето „Нова Нормалност“ на агенцијата ВАЛИКОН, спроведено од 18 до 21 август 2025 година, кое ги опфати земјите Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија, нуди интересни увиди за животот на граѓаните во регионот Адрија.
Инфлацијата и политичката неизвесност – главни извори нагрижи за граѓаните од регионот
Кога станува збор за она што најмногу ги загрижува граѓаните, според истражувањето инфлацијата останува грижа број еден за граѓаните од регионот Адрија.
Најголема загриженост од инфлацијата е забележана во Косово и Македонија, кадешто во двете земји, 70% од испитаниците изјавиле дека растот на животните трошоци им создава најголема грижа. Следат Босна и Херцеговина (69%), Хрватска (68%), Црна Гора (61%), Србија (60%) и Словенија (49%). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во третиот квартал, најголем скок (8%) кај овој индикатор е забележан во Хрватска.
Покрај инфлацијата, актуелните политички настани во земјите од регионот исто такапретставуваат голема грижа за граѓаните. Највисок процент (58%) на оние кои се загрижени за политичките настани во својата земја е забележан во Србија. Следи Косово со исто така високи 54%, а потоа Босна и Херцеговина (40%), Македонија (35%), Словенија (27%), Црна Гора (26%) и Хрватска со најниски 26%. Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во третиот квартал, најголем скок (9%) кај овој индикатор е забележан во Србија.
Купувањето за време на промоции и во поевтини маркети е најчеста стратегија на граѓаните од регионот за справување со финансиските потешкотии
Сеприсутните финансиски грижи го диктираат и начинот на размислување кај граѓаните од регионот кога станува збор за купувањето. Граѓаните користат различни „тактитки“, но три се издвојуваат како најефикасни:
– Купувањето за време на промоција
Кога зборуваме за купувањето за време на промоција, највисок процент (70%) е забележан кајиспитаниците од Хрватска, а потоа и кај оние од Словенија (65%). Следат Косово (60%), Македонија (59%), Србија (58%), Црна Гора (56%) и Босна и Херцеговина (55%).
– Купување во поевтини маркети
Во сите земји од регионот, повеќе од 60% од испитаниците се изјасниле дека своите купувањаги прават во поевтини маркети. Па така, највисок процент е забележан во Косово (68%), а потоа и во Македонија (66%). Високи 65% на оние кои купуваат во поевтини маркети сезабележани и во Хрватска. Следува Словенија со 62%, Црна Гора и Босна и Херцеговина со по 61%, и на крајот Србија со 60%.
– Намалување на непотребните трошоци
Граѓаните од регионот Адрија како дел од алатките за справување со високите цени го користат и откажувањето од претплати. Во третиот квартал од 2025, највисок процент наоние кои се откажале од претплати е забележан во Босна и Херцеговина (58%), а потоа следат Словенија (57%), Хрватска (56%), Македонија (53%), Косово (51%), Црна Гора (48%) и Србија (44%). Откажувањето од непотребни производи и услуги исто така им помага налуѓето од регионот да ги надминат финансиските потешкотии, па така на Косово е забележан највисок процент од 57% на оние кои се откажуваат од производите и услугите кои сметаат дека не им се потребни. Следат Словенија (50%), Хрватска (47%), Македонија (41%), Босна и Херцеговина, и Србија со по 39%. Процентот на оние кои се откажуваат одн епотребните производи и услуги е најнизок во Црна Гора (30%).
Опаѓа и износот на заштеди кај граѓаните
На прашањето дали го промениле износот на заштедите во последните 3 месеци, во Македонија 31% од испитаниците одговорија дека веќе не успеваат да заштедат средства, иако тоа го правеле пред 3 месеци. Овој одговор во Косово беше забележан кај 27% од испитаниците, а потоа следат Србија со 24%, Босна и Херцеговина со 22%, Хрватска со 20%, Црна Гора со 18% и Словенија со 17%.















