Со порака дека понекогаш е доволно да се подари нешто од срце, британскиот синџир на стоковни куќи John Lewis ја претстави својата нова Божиќна кампања под мотото „If you can’t find the words, find the gift“ („Ако не можеш да ги најдеш зборовите, најди го подарокот“).
Рекламата раскажува емотивна приказна за татко и син кои повторно се поврзуваат преку еден подарок – симбол на љубов, разбирање и втори шанси.
Централна улога во кампањата има легендарната песна „Where Love Lives“ од Алисoн Лимерик, хит од деведесеттите години, која годинава доби нова, искрена верзија од британскиот музичар и продуцент Лабринт. Двете изведби се појавуваат во рекламата и се достапни на ограничено издание на класична црна винил-плоча од 12 инчи, ексклузивно во John Lewis.
Со оваа кампања, брендот се навраќа на темите што одамна го издвојуваат во овој период од годината – топлина, човечка блискост и магијата на празниците. Приказната потсетува дека најубавите подароци не се материјални, туку оние што носат искреност и љубов.
Кампањата е создадена од креативната агенција Saatchi & Saatchi.

















