Минатата недела во Белград се одржа единаесеттото издание на регионалниот фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2025. Фестивалот ги собира агенциите, компаниите и институциите од регионот кои во изминатата година реализирале успешни комуникациски кампањи во различни области.
Притоа, македонската агенција McCann Skopje и клиентот Халкбанк АД Скопје се вратија со две награди. Кампањата „The Last Tree Ring“ ја освои наградата во категоријата Print, а „Made in Shade“ во категоријата TV – и двете во секцијата за „едноканална комуникација“.
Покрај тоа, McCann Skopje и Халкбанк беа дел од потесниот избор во пет категории и добија вкупно седум номинации во рамките на Kaktus All Stars.
Наградите KAKTUS се доделуваат на најуспешните комуникациски кампањи на пазарите во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. За добитниците одлучува стручно жири составено од професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции, продукциски куќи и огласувачи од регионот.
На следните линкови може да се разгледа целосната листа на финалисти и победниците во секциите на едноканална комуникација и повеќеканална комуникација.



















