Британскиот синџир на супермаркети Waitrose ја претстави својата најнова божиќна кампања, замислена како кратка романтична комедија со Кира Најтли и Џо Вилкинсон во главните улоги. Четириминутниот филм, насловен “The Perfect Gift” („Совршениот подарок“), ја претставува храната како клучен носител на топлина, блискост и празничен дух.
Кампањата го следи Фил – вдовец чиј осамен празничен ритам неочекувано се менува по случајна средба во маркет на Waitrose, при што разговорот за видови кашкавал станува искра за нова, нежна и симпатична поврзаност. Кампањата е поставена како премиера на празничен филм, инспирирана од естетиката и темпото на холивудските романтични комедии.
Идејата на кампањата е дека храната е еден од најискрените начини преку кои луѓето се поврзуваат, особено во празничниот период. Како што истакнува Нејтан Ансел, главен директор за клиенти во Waitrose, токму празничната трпеза носи моменти на блискост и внимание – мотив што постојано се рефлектира во филмот.
Кампањата е создадена во соработка со Wonderhood Studios.









