Резултатите остварени во изминатата година и идните насоки на индустријата беа само дел од темите на кои беше посветен годишниот собир на извршните директори и менаџментот на водечките хрватски агенции за пазарни комуникации. Настанот, во организација на Хрватската асоцијација на комуникациски агенции (HURA), се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година во Grand Park Hotel во Ровињ.
Целта на овој настан, покрај вмрежувањето и размената на искуства, е и дискусија за предизвиците и иднината на струката – па така, годинава за лидерите на агенцискиот бизнис во Хрватска понуди дводневна програма што ги спојува стратешките содржини, размената на искуства и вмрежувањето во врвни услови. Првиот ден, покрај свеченото собрание, беше посветен и на полугодишниот Форум на членството, на кој се разговараше за најважните теми во бизнисот. Централниот дел на вториот ден од собирот беше „мастерклас“ насочен кон интернационализацијата на работењето и зајакнувањето на капацитетите на агенциите-члнеки на HURA, предводен од Јануш Стабик, консултант специјализиран за позиционирање, градење високоуспешни тимови, оптимизација на процеси и ценовни модели, како и за насочување на лидерите.
Да потсетиме, агенциите-членки на HURA располагаат со најголем дел од вкупните огласувачки буџети во Хрватска и во 2024 година остварија рекордни вкупни приходи од речиси 400 милиони евра. Според прегледот заснован на јавно достапни податоци од базите на Digitalna komora и FINA (info.BIZ), тоа претставува пораст од речиси 15 проценти во однос на 2023 година. Од тие приходи, 75.7 милиони евра биле фактурирани на меѓународните пазари.
Квалитетот на нивната работа беше препознаен на националните струковни натпревари, но и на академско ниво – преку вклучувањето на нивните проекти во новиот универзитетски учебник за „Маркетиншка комуникација“. Агенциите на HURA освоија и повеќе значајни меѓународни награди. Притоа, тие исто така жирираа на многу локални, меѓународни и светски натпревари – често како први, а понекогаш и единствени претставници од регионот.
Во текот на 2025 година, агенциите обединети во HURA успешно го организираа регионалниот фестивал на креативноста и пазарните комуникации „Денови на комуникациите“, повеќе националните струковни натпревари, како и едно регионално натпреварување. Тие учествуваа и на 15 HURA-настани и едукативни програми, со своето знаење и искуство континуирано унапредувајќи го пазарот – што особено се гледа во резултатите на работните групи, вклучувајќи го изготвувањето на нови насоки за добра практика, учество во јавни расправи и во три истражувања за состојбите во комуникациската индустрија кои што HURA ги спроведе во текот на 2025 година. Преку IAB Croatia, како иницијатива на HURA, покрај издавањето на „Насоки за подобро инфлуенсирање“, беше покрената и големата национална кампања „Важно е да се знае кога се плаќа“.
За HURA
HURA е основана во 1999 година со цел да ја професионализира хрватската комуникациска индустрија и да ги застапува интересите на своите членки. Членството го сочинуваат 64 агенции – некои од најнаградуваните и најуспешните во Хрватска – специјализирани за комуникациско советување, огласување, медиумско закупување, односи со јавност, дигитални комуникации и креативни услуги (по азбучен редослед):
404 / Abeceda komunikacije / Advans Adria / Arbona / Ascanius media / BBDO Zagreb / Bruketa&Žinić&Grey / CMG Digital / CTA komunikacije / Cvoke / Degordian / dentsu Croatia / DIVISION 4 VISION / WPP Media Croatia / Mater Agency / Fabula / Fakat / Futura DDB / Spring and shift / Human / I to nije sve / Imago Ogilvy / IMC Agencija / Izone / Kofein / Komunikacijski laboratorij / Komunikacijski ured Colić, Laco i partneri / Kontra digital / KPR / Laconiq / Libra / Luna&Točka / Manjgura / McCann Zagreb / Millenium promocija / MMB Media Agentur / Morgan Grey / Narativ komunikacije / Nivas / OMD Media / Omega Komunikacije / Organizacija / Pragma / Priredba / Pro media group / Promosapiens / Publicis / Real grupa / RED agencija / Rinzol / S.T.A.R. Digital / SeekandHit / Sintagma Media / Spotstudio / Status grupa / Studio Nexus / Studio Sonda / Studio Sudar / Studio Šesnić & Turković / Tumpić/Prenc / Universal Media / Ured za ideje / Val grupa / ZOO agencija











