Германската мултинационална компанија за хемиски производи и производи за широка потрошувачка Henkel одлучи да го консолидира медиумското планирање и закуп за европскиот пазар со агенцијата WPP Media.
Медиумскиот буџет на компанијата се проценува на околу 825 милиони долари, а опфаќа добро познати брендови како Persil, Perwoll, Bref, SchwarzkopfиSyoss.
WPP Media веќе управуваше со медиумските активности на Henkel во 17 европски држави, а сега кон своето портфолио додава уште 13 држави, со што вкупниот број достигнува 30 пазари.
Henkel ја избра WPP Media затоа што агенцијата покажала дека може да работи ефикасно, особено преку својата дигитална платформа WPP Open. Оваа платформа ќе овозможи новите пазари да бидат интегрирани брзо и без потешкотии.
Одлуката на Henkel следеше по конкурентска ревизија за иднината на своето медиумско присуство, особено во период кога вештачката интелигенција станува сè поважен фактор.
WPP Media ќе ги води европските медиумски операции на Henkel од канцеларии во Дизелдорф и Лондон, со посветен тим кој ќе обезбедува соодветна координација меѓу сите држави, но и почитување на локалните потреби.

















