Оваа година MSLGROUP CEE, најголемата ПР агенција во сопственост на Публицис Групацијата и Голден Драм, ги соединуваат своите сили на еден од највисоко рангираните креативни фестивали во светски рамки, како ексклузивна ПР агенција и партнер на фестивалот. Соработката со едни од најјаките европски адвертајзинг протагнонисти ќе го направи овогодишниот Голден Драм со тема „Трансформација, Ослободување и Креативна култура“ уште поблизок за пазарите каде е актуелен, со нови можности и најдобри практики за подобра соработка со локалната заедница. Овогодинешниот Голден Драм, организиран од Словенечката адвертајзинг комора, ќе се одржува од 13 до 16 октомври во Гранд Хотел Бернардин во Порторож, Словенија.
22-риот Голден Драм, еден од највисоко рангираните фестивали за креативен адвертајзинг во светот и MSLGROUP, која од неодамна е именувана како Источно Европска агенција на годината во извештајот на Холмс, по една година од проширувањето и квалитетно сервисирање на клиенти во агенцијата, ќе работат истовремено на повеќе од 37 различни пазари низ Европа и Русија за промовирање на фестивалот и креирање на успешна приказна, прифаќајќи ја оваа соработка со голема радост.
Себастијан Хејновски, Извршниот Директор на MSLGROUP во Варшава, Полска, одговорен за активностите на MSLGROUP во Централна и Источна Европа, убеден е дека тоа ќе донесе големи резултати: „MSLGROUP го зајакнува своето присуство во Централна и Источна Европа. Со 4 канцеларии во целосна сопственост и блиски односи со партнери во секоја земја во регионот MSLGROUP веќе е еден од најсилните „играчи“ тука. Фестивалот Голден Драм е омилен во регионот. Верувам дека можеме да бидеме совршен спој“.
Марја Фелдин, Управен Директор на Фестивалот Голден Драм, се согласува: “Во текот на годините Голден Драм е особено горд на “Genius Loci”, духот на местото и се стремиме да го интегрираме во комуникацијата со сите 37 пазари на кои сме присутни. Ова е причината зошто нашето партнерство со MSLGROUP е особено важно, бидејќи ова е токму она што тие го градат и во што вложуваат и да се изгради – локална експертиза со најдобрите глобални практики. Ни причинува особена радост да им посакаме добредојде на Г. Себастијан Хејновски, Извршен Директор на MSLGROUP Полска и Г. Томаш Павликовски, Извршниот Директор на Централна и Источна Европа (дел од Публицис Групацијата) во нашето Голден Драм семејство“.