Овој петок (12.12) ќе се оддржи завршниот настан од националниот избор на “Жена на годината 2025” (www.zenanagodinata.mk) каде после двете фази на номинирање и гласање од жири комисијата ќе се прогласат победничките во вкупно десет категории, меѓу кои и главната награда за Жена на годината.
Вкупно 600 онлајн номинации беа најпрво селектирани во финалниот избор, каде својот глас имаа можност да го дадат претставници на најрелевантните медиуму кои одблиску ја следат општествената, културната, спортската и бизнис сцената и да ги изберат годинешните лауреати.
Во конференцискиот дел кој ќе претходи на свечената церемонија ќе има многу забавни активности, неформално дружење и обраќања во кои ќе се слави жената и нејзината улога во општеството, а предвидени се и презентации на Павле Зимбаков, Елена Бубало, Данчо Димков, Марина Анчевска, Сузанне Пазит Гева и Марина Анчевска кои ќе зборуваат за различни теми, каде повторно во центарот ќе биде жената. Целата агенда е достапна на следниов ЛИНК.










