На свечена наградна церемонија, минатата недела беа соопштени победниците на осумнаесеттото издание на наградите за огласувачка ефективност Effie на бугарскиот пазар.

На врвот повторно се искачи агенцијата Noble Graphics, која шеста година по ред ја задржа титулата „Најефективна агенција на годината“. Агенцијата успеа да освои две златни, една сребрена и една бронзена награда, додека зад неа на второто место се пласираше агенцијата proof., а третото место го зазеде Initiative Bulgaria..
Во категоријата „Најефективен огласувач“ за 2025 година, на врвот се најдоа три компании и една невладина организација: Високиот комесаријат на ООН за бегалци, Kamenitza AD, Carlsberg Bulgaria и Kaufland Bulgaria.
Церемонијата, што ја водеше дописничката на bTV од Париз и Брисел, Десислава Минчева-Раул, беше обележана со доделување на вкупно четири златни, две сребрени и девет бронзени награди во различните категории на натпреварот. Целосниот список на доделени награди може да се разгледа на следниот ЛИНК.
Наградите Effie Bulgaria ги организира Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА), со цел истакнување на најефективните кампањи кои постигнале најдобри деловни резултати во текот на годината.
















