Насоките и придружната практична алатка што ги објави хрватската струковна организација за дигитален маркетинг, IAB Croatia, нудат јасна рамка за разликување на минливиот дигитален „hype“ од трендовите што носат вистинска бизнис-вредност и ги олеснуваат одлуките за инвестирање.
Работната група „Predictions & Trends“ на IAB Croatia го објави документот „Дигитални трендови: можност или ‘hype’?“ – првиот структуриран сет насоки на хрватскиот пазар што помага да се разликуваат минливите дигитални трендови од оние кои носат реална деловна вредност. Покрај насоките, подготвена е и практична алатка за проверка на трендовите, наменета за сите што секојдневно одлучуваат за вложувања, иновации и дигитални идеи.
Документот нуди насоки што можат да бидат корисен инструмент за сите засегнати страни во индустријата – брендови, агенции, медиуми и креатори на содржини – за проценка во што вреди да се вложи време, ресурси и енергија и што, и покрај својата привлечност, многу веројатно брзо ќе исчезне без вистински ефект.
Пет критериуми за препознавање на вистинска вредност
Насоките воведуваат пет клучни критериуми за проценка на дигиталните трендови: ширина на усвојување, достапност и потенцијал за развој на локалниот пазар, јасна додадена вредност, ограничувања и ризици, како и разбирање на концептот меѓу клиентите и корисниците.
Преку конкретни примери, како што се „metaverse“-настани со минимална реална публика и растот на TikTok и инфлуенсер маркетингот, документот покажува како да се разликува краткорочниот „hype“ од решениja кои имаат потенцијал долгорочно да создаваат вредност на пазарот.
Практична алатка за секојдневни одлуки
Покрај насоките, објавена е и практична алатка за проверка на трендовите, која им овозможува на професионалците секој нов тренд да го испитаат преку сет едноставни ДА/НЕ прашања. На тој начин полесно се проценува дали има доволно корисници, дали постои реална деловна корист, дали се покриени правните и репутациските ризици и колку трендот може лесно да се објасни и продаде на клиентите.
Документот со насоките е достапен за симување ТУКА, а алатката на следниот ЛИНК.

















