Јана Савиќ-Растовац, креативна директорка на McCann Beograd, е избрана да биде еден од предавачите на овогодишниот фестивал Eurobest , организиран од Cannes Lions, најугледниот светски фестивал од областа на адвертајзингот. Повикот да одржи презентација пред посетителите на фестивалот е големо признание за креативната работа на Јана и за агенцијата од која доаѓа и оваа можност им се дава само на најугледните европски креативци. Инаку, мото на овогодинешниот Eurobest е “The House of Makers and Breakers”. Во фокусот на фестивалот ќе бидат различните пристапи кон креативноста. Eurobest ги слави создавачите, експериментирачите, иноваторите, оние кои градат и трансформираат идеи во реалност, но и бунтовници кои го преиспитуваат познатото и го рушат статус квото.
“Можеби баш заради овогодинешното мото на фестивалот мојата приказна за креативноста во рамките на мал буџет е избрана да биде претставена на Eurobest”, истакна Јана Савиќ-Растовац, и додава: “Ќе зборувам за новиот бран на креативност од оваа страна на Европа, за иновативните кампањи кои се наградени со најголемите светски награди, и за своевидниот балкански креативен метод кој е роден под притисокот на малите буџети и далеку од очите на големите ‘креативни центри’”.
Фестивалот Eurobest е манифестација на европската креативност која на едно место ги собира најдобрите креативци и проекти од европската комуникациска сцена, инспирира учење, интеракција, дебата и здрава мера на компетенција. Оваа година ќе се одржи од 1 до 3 декември во белгискиот град Антверпен.