Веројатно е дека целосната интеракција на социјалната мрежа ќе се зголеми, додека пак огласувачите ќе можат подобро да ја разбираат нивната публика.
Крис Кокс, Chief Product Officer на Фејсбук, минатата недела објави соопштение на својата јавна Фејсбук страна каде го најави почетокот на пилот тестирањето на ‘Реакции’ во Шпанија и Ирска, опишувајќи ги како “поекспресивно Like копче”.
Новата опција ќе им овозможи на Фејсбук корисниците да одговараат на постови со пре-детирмиран сет од шест емотикони, вклучувајќи ‘Love’, ‘Haha’, ‘Yay’, ‘Wow’, ‘Sad’, ‘Angry’. Далеку од ‘Dislike’ копчето за кое многумина шпекулираа.
Ова претставува позитивена новост за корисниците бидејќи ќе им овозможи подобро да ги претстават своите емоции кога се во интеракција со своите пријатели, содржини, и секако, реклами.
Фејсбук постојано работи на подобрување на ‘корисничкото искуство’ и воведувањето новитети, а оваа новост од маркетерите се рангира како исклучително значајна за платформата и заедницата.
Новите емотикони претставуваат вистинска шанса за брендовите да ги охрабрат корисниците да одговараат на постови повеќе отколку со обичен Like, коментар или споделување, нудејќи поголемо разбирање на ефектот на брендираните комуникации низ Фејсбук.
Во текот на изминатите неколку месеци имаше многу шпекулации за воведувањето на ‘Dislike’ копче на Фејсбук. И покрај тоа што се сметаше дека тоа би бил чекор кој ќе внесе поголема длабочина во изразувањето отколку зголемување на негативните интеракции, воведувањето на шесте нови емотикони како начини за комуникација претставува голема промена.
Главен двигател беше отстранувањето на чудното чувство предизвикано од ‘Лајкување’ на негативни вести или трагични настани.
Исто така да се воведе едно сегашно корисничко однесување (коментирање со еден емотикон) во структурата на платформата, на крајот правејќи го да биде померливо. Промената се очекува да ја зголеми интеракцијата на платформата, зголемувајќи го бројот на ‘лесни интеракции’ достапни за оние кои сакаат да реагираат на објавите, но не до таму да коментираат.
И покрај тоа што некои од брендовите може да почувствуваат нервоза поради оведувањето на ‘лутиот’ емотикон, тоа не би требало да влијае врз оние кои ја сфаќаат платформата сериозно и генерираат содржини и чувства кои се соодветни за каналот.
Брендовите не треба да бидат колебливи во продуцирањето на содржини и водењето на рекламни кампањи на Фејсбук; наместо тоа треба да имаме на ум дека треба да создаваме привлечни и релевантни, специфични содржини, кои ќе им се допаѓаат на таргетираната публика.
И покрај тоа што може да доведе до зголемување на фокусот кон чувствата, во реалност главната промена која брендовите ќе ја посведочат ќе биде потребата да ги надградат своите метрики за истражување.
Се’ на се’, ова е интересен и експанзивен новитет на Фејсбук, кој ќе придонесе за зголемување на интеракциите и ќе им понуди на брендовите можност да извлечат корист од новите емотикони.