Extra, брендот на гуми за џвакање, деновиве во етер ја лансираше својата нова тв реклама која со право светската маркетинг јавност ја оценува како навистина одлична. За само неколку дена рекламата собра над четири милиони прегледи на Јутуб а неа позитивно ја искоментираа и повеќе славни личности споделувајќи ја на твитер.
Оваа неверојатна виралност се должи на одлично скоцканото 2 минутно ТВ парче кое преку љубовната приказна на двата главни јунаци Сара и Хуан, успеа емотивно да се поврзе со публиката и веројатно да биде досега најромантичната реклама за гуми за џвакање
Одлично продукциски скоцкана, со феноменална динамика на приказната следејќи повеќе “класични моменти“ и “позната приказна“ рекламата финишира на неверојатен начин комуницирајќи го брендот Extra како нешто што поврзува цели спомени, животи, љубови…
Уживајте !