Глобалниот бренд за лична нега Dove, познат по својата долгорочна посветеност на концептот на „вистинска убавина“, се здружи со стриминг-платформата Netflix и продукциската куќа Shondaland за нова кампања инспирирана од хит-серијата „Bridgerton“.
Се работи за костимирана драмска серија сместена во лондонското регентско општество, препознатлива по своето културно влијание и силни женски ликови. Притоа, кампањата насловена „Let Them Talk“ („Нека зборуваат“) се лансира во пресрет на четвртата сезона на серијата и во фокус ја става самодовербата, самоизразувањето и автентичноста.
Надоврзувајќи се на културата на озборување која е еден од клучните мотиви во „Bridgerton“, кампањата го преобликува поимот на озборување во нешто што останува во заднина, наместо да ја дефинира личната вредност. Со поврзување на историските „шепотења“ во високите аристократски кругови со денешните коментари на социјалните мрежи, Dove ја поставува самодовербата како внатрешна состојба, а не како резултат на надворешно одобрување.
Кампањата е изградена околу централен видеоспот, поддржан од глобална активација со креатори на дигитални содржини. Во фокусот се жени кои се појавуваат самоуверено – како онлајн, така и во реалниот живот – без извинување за тоа кои се. Преку овој пристап, соработката ги усогласува ликовите и темите на „Bridgerton“ со пошироката платформа на Dove за убавина, нагласувајќи дека самодовербата се дефинира однатре.
Магно Херан, потпретседател за глобални бренд-партнерства во Netflix, истакна дека соработката со Dove овозможила светот на „Bridgerton“ да се прошири надвор од екранот. Според него, станува збор за вистинска сопфатана кампања која ги поврзува приказните, пораките и производите со публиката на релевантен и современ начин.
Кампањата е создадена во соработка со независната креативна агенција Mythology од Њујорк, САД.















