Бугарската асоцијација на огласувачи (БАР) избра нов управен одбор со мандат од две години. Во неговиот состав влегуваат осум корпоративни членки, и тоа: Teva, Metro, Nestle, A1 Bulgaria, STADA, Kamenitza, Bella и Vivacom.
Со Управниот одбор ќе продолжи да претседава Свилен Стрезов, како претставник на фармацевтската компанија Teva. Тој е маркетинг директор на дивизијата „Лекови без рецепт“ и член на Управниот одбор на БАР повеќе од една деценија, при што за претседател беше прв пат избран во 2019 година.
„Живееме во време на невидени предизвици за бизнисот и брендираните комуникации. Затоа ги преиспитуваме критериумите за тоа што значи ‘голем огласувач’ и ‘медиумски буџет’. Со цел поефикасно насочување на огласувачките инвестиции, сè поголемо внимание им посветуваме на фактори како одложеното гледање и прескокнувањето на рекламните блокови“ – посочи Стрезов во соопштение до медиумите.
На функцијата извршен директор на БАР е повторно реизбран Росен Мисов, кој е дел од асоцијацијата уште од 2012 година.
















