Пивскиот бренд Heineken ја лансираше новата глобална комуникациска платформа „Fans Have More Friends“ („Фановите имаат повеќе пријатечи“), со која за првпат ги обединува своите спонзорства во фудбалот, Формула 1 и музичките фестивали. Иницијативата ја нагласува улогата на навивањето како моќен двигател на социјалната поврзаност и заедничките доживувања.
Платформата е поддржана со истражување нарачано од Heineken, кое покажува дека фановите преку заеднички интереси полесно создаваат пријателства. Според резултатите, 75% од испитаниците изјавиле дека навивањето им помогнало да запознаат нови луѓе, додека 59% рекле дека некои од нивните најблиски пријателства произлегле токму од таквите заеднички страсти.
Иницијативата беше претставена на крајот на минатиот месец, преку социјален експеримент во Њујорк за време на фудбалски натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу екипите на Ливерпул и Карабаг. Креаторот на содржини Зак Алсоп му помогна на еден австралиски навивач да покани непознати луѓе да го следат натпреварот заедно, со едноставна покана за пиво.
Поканата брзо се прошири на социјалните мрежи, по што стотици навивачи се собраа во Central Park Tavern. Брендот го трансформираше просторот во искуство достојно за Лигата на шампионите, а на настанот присуствуваше и германската фудбалска легенда Бастијан Швајнштајгер, кој лично им точеше пиво на гостите.
Глобалната кампања е поддржана со телевизиски спот во режија на Фредерик Бонд, во кој се појавуваат бренд-амбасадорите: возачот Макс Верстапен, фудбалерот Вирџил ван Дајк и ди-џејот Мартин Герикс. Спотот прикажува спонтани средби и поврзувања на луѓето преку спортот, музиката и фестивалската атмосфера.
Кампањата најпрвин беше лансирана во САД, а во текот на 2026 година ќе се прошири на повеќе од 50 пазари ширум светот. Активностите ќе се реализираат околу големи настани, меѓу кои финалињата на Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција, фестивалот Коачела, како и тркачките викенди во Формула 1 на глобално ниво.
















