Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ги објави првите претседатели на жиријата за изданието во 2026 година, со што се потврдува континуираниот фокус на фестивалот на креативната извонредност, медиумските иновации и културно релевантните идеи во сè подинамичното комуникациско опкружување.
Џоана Лоренс именувана за претседателка на жирито за „Креативна медиска извонреднот“
Жирито за „Креативна медиска извонреднот“ (Creative Media Excellence) на овогодинешниот фестивал Golden Drum ќе го предводи Џоана Лоренс, глобален генерален директор за стратегија во Havas Media Network.
Во Havas Media Network, таа раквооди со трансформациските иницијативи што ги редефинираат медиумските услуги за клиентите и талентите. Таа исто така го предводи „Глобалниот совет за медиска креативност“ на агенцијата, поврзувајќи брилијантни умови од целиот свет со цел промовирање похрабри решенија за клиентите.
Во својата богата кариера, Џоана се стекнала со различни перспективи во медиумската индустрија, вклучувајќи аналитика на податоци во истражувања на пазарот, медиско планирање во Mindshare, како и работа како комуникациски стратег од новата генерација во Naked Communications. Потоа поминува повеќе од една деценија во OMD EMEA, каде што ја гради регионалната стратегиска функција, раководи со меѓународен оддел и ја воспоставува европската пракса за содржини. Пред да се приклучи на Havas, Џоана работи на бизнис-трансформации за комерцијалниот тим во Telegraph Media Group и советува глобални клиенти во Flock Associates за унапредување на нивните медиумски оперативни модели.
Џоана носи врвно жири-искуство, со оглед на тоа што има жирирано во категоријата „Media“ на Cannes Lions и Effie’s Best of the Best, а во моментов е член и на медиското жири на наградите CLIO. Креативната инспирација ја наоѓа преку водење индустриски модул на Лондонскиот колеџ за комуникации, останувајќи поврзана со гејмингот и модната култура на најмладата „Генерација Алфа“ преку своите деца, разговори со нови луѓе поттикнати од кафе, истражување различни земји и читање фикција (секогаш во мека корица!).
„Медиумите секогаш им нудат на брендовите извонреден алатник за креативност и раст – длабоко поврзан со нашите страсти, културата и сè повеќе со начинот на кој купуваме. Но, во моментов, медиумските навики на луѓето и индустрискиот екосистем зад нив се во состојба на целосна дестабилизација. Затоа ова е совршено време да се дискутира кои брендови ги претвораат предизвиците во можности и наоѓаат нови начини да се истакнат. Чест ми е што ќе го предводам жирито за Креативна медиска извонреднот и токму тоа ќе го правиме на наградите на Golden Drum оваа година“ – истакнува Џоана Лоренс.
Ксавиер Бле ќе биде претседател на One-Channel жирито
На овогодинешниот Golden Drum, Ксавиер Бле, партнер и извршен креативен директор во агенцијата Rethink, ќе го предводи жирито за „Едноканална комуникација“ (One-Channel Drum).
Rethink е ревносно независна креативна агенција со канцеларии во Монтреал, Торонто, Њујорк и Ванкувер. Ксавиер се приклучува на агенцијата во 2015 година и помага во воспоставувањето на работата на Rethink во Монтреал, брзо напредувајќи и станувајќи еден од најмладите партнери во историјата на агенцијата. Ксавиер неуморно придонесува за создавање култни кампањи за глобални брендови како Molson Coors, IKEA и Heinz, меѓу останатите.
Во 2024 година, Rethink беше прогласена за „Независна агенција на годината“ и „Независна агенциска мрежа на годината“ на фестивалот Cannes Lions, а самиот Ксавиер беше на врвот на Lions Talent Report. Неговите проекти беа претставени во речиси сите водечки медиуми во светот, освоија злато или Grand Prix на сите големи фестивали и беа изложени во Montreal Museum of Fine Arts.
Покрај тоа што е „ad dad“, тој е и вистински татко на две деца, партнер на една личност и депресивно просечен голфер – веројатно најдобриот доказ за неговата упорност.
„Креативната извонредност е поважна денес отколку кога било. Затоа се чувствувам привилегиран што сум претседател на овогодинешното жири за „Едноканална комуникација“. Затоа што станува збор за поставување и одржување на стандардот. Додека машините можат само да повторуваат врз она што веќе било, ние можеме да замислуваме што би можело да биде. Само вистинска грижа и извонредност можат да нè оддалечат од неуредната „средина“. Ни требаат неочекувани поврзувања, неразумни изведби и неспорни резултати. Не нè води кон ирелевантност содржината со слаб квалитет – туку нашата невнимателност. Мораме да продолжиме да се стремиме кон извонредност ако сакаме да продолжиме да го работиме она што го сакаме. Доаѓајќи од Квебек, знам дека културната посебност е прашање на опстанок. Затоа дозволете таа да блесне во вашите пријави. Заедно со жиријата, ќе бараме универзални идеи што решаваат културно релевантни проблеми преку смели изведби. И едвај чекаме да ги видиме вашите пријави“ – истакнува Ксавиер Бле.
Пријавувањето за натпреварувачкиот дел на Golden Drum 2026 официјално ќе започне на 10 март.



















