Првиот српски национален фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2015, се одржа минатата недела во Белград, под слоганот “Идеи кои опстануваат“. На настанот присуствуваа преку 400 маркетинг и комуникациски стручњаци од Европа и регионот и имаа можност да ги чујат искуствата на повеќе признати и познати стручњаци од Европа и светот од различни области на интегрираните комуникации.
“На нашата индустрија и е потребен еден ваков фестивал, фестивал кој ќе создава традиција, кој ќе ги негова поинаквите, свежите и храбрите идеи а во исто време ќе го стимулира и размрдува нашиот пазар. Големиот интерес на агенциите и компаниите како за конференцискиот дел така и за наградте е показател за стратешко-креативната зрелост на индустријата“ рече Ivana Parčetić Mitić, основач и уредник на порталот Marketing mreža, кој беше организатор на настанот.
Освем конференцискиот дел, настанот имаше и свој дел за награди – каде беа доделени признанија за најдобрите практики на интегрирани комуникации во нашиот северен сосед. За наградите оваа година конкурираа вкупно 113 пријавени проекти.
Кампањата “Драма во такси“ на агенцијата Меккен Белград и Југословенскиот драмски театар (ЈДР) го освои признанието во категоријата Вирално видео во интегрирана кампања, како и Гранд При – Интегрирана кампања на годината.
Меккен Белград е прогласена за Агенција нагодината, додека ЈДР го освои признанието Огласувач на годината.
Во категоријата ТВ во интегрирана кампања наградата припадна на агенцијата Leo Burnett и компанијата Vip Mobile за кампањата “Вибер/Вајбер“, додека пак признанието Радио во интегрирана кампања замина во рацете на агенцијата Ovation BBDO и компанијата Marbo Products за кампањата “Chipsy becarac”.
Меккен Белград и Музејот за наука и технологија се наградени и во категоријата Принт во интегрирана кампања за прокетот “Само за радознали“, а Communis DDB и компанијата Bambi освоија награда за кампањата “Plazma Milky Sandwich: vencanje mleka i Plazme“ во категоријата БТЛ во интегрирана кампања.
Кампањата “Наша ствар“ на Leo burnett и Apatinska pivara е добитник во категоријата ПР во интегрирана кампања, додека пак наградата во категоријата Social media во интегрирана кампања замина во рацете на агенцијата Executive Group и The Coca Cola Company за проектот “За мажи, не за деца“.
За наградите оваа година беа пријавени со свои прокети вкупно 27 агенции и над 50 компании.