Кога John Lewis и Adam&Eve/DDB прават реклама последниве години, обично тоа е нов Кански лав.
Долго очекуваната божична кампања на John Lewis ја раскажува приказната за едно мало девојче кое ќе му го пренесе Божиќ на еден осамен стар човек кој живее на месечината.
За новата кампања, насловена како ‘Човек на месечината’, синџирот стоковни куќи се здружи со Age UK (најголема британска хуманитарна организација за нега на стари лица), а целта е да се подигне свеста за изолираноста меѓу постарата популација. Рекламата создадена од Adam & Eve/DDB беше објавена на 5 ноември.
Рекламата започнува со шестгодишната Лили која со својот телескоп гледа кон месечината и открива дека на неа, во изолација, живее еден стар човек.
Лили се обидува со различни методи на комуникација за да стапи во контакт со човекот и евентуално успева, кристејќи балони да му пренесе подарок – друг телескоп, со кој тој повторно ќе може да се поврзи со светот.
Рекламата завршува со реченицата “покажи му на некој дека го сакате овој Божиќ”, а песната е Half The World Away од Oasis, преработена од 19-годишниот норвешки изведувач Aurora.
Кампањата, за која од John Lewis соопштија дека кошта околу 7 милиони фунти (вклучувајќи продукција и медиа), вклучува и апликација која реагира кога е насочена кон месечината и игра каде игрчите се обидуват да лансираат предмети на месечината.
John Lewis, здружени со Age UK, ќе организираат и серија настани – вечери, работилници и сл. – со кои ќе им помагаат на постарите. Компанијата ќе донира и процент од продажбата на одредени производи.
Крејг Инглис, Директор за односи со потрошувачите на John Lewis, изјави: “Нашата божиќна реклама е повторно насочена кон мотивирање за правењето на тој екстра чекор за да се најде совршениот подарок. Оваа годиниа, приказната е раскажана на еден оригинално креативен начина када Лили, нашата хероина, прави големи напори за да се поврзи со Човекот на месечината. Се надеваме дека ќе ги инспирира луѓето да пронајдат навистина специјални подароци за луѓето кои ги сакаат и преку нашето партнерство зо Age UK, да ја подигнеме свеста за проблемот на осаменоста кај постарата популација и да ги охрабриме другите да дадат поддршка на каков и да било начин.”