Креативци, очајувајте! Со само шест недели до крајот од 2015, најсподелуваната реклама на годината е составена само од пронајдени снимки, според податоците на Unruly – смешни и слатки пронајдени снимки, но сепак само пронајдени снимки.
Но, можеби тоа е ОК. Спотот, “Friends Furever” за Android на Google, на почетокот предизвика малку запрепастеност во Droga5 – агенцијата која го направи, а која е позната по создавањето на некои од најоригиналните реклами во индустријата, не само спојување на смешни клипови најдени на интернетот.
Како што Дејвид Дрога изјави за време на еден Advertising Week панел во септември, не треба да бидете премногу горделиви кога е во прашање создавањето на нешто убедливо споделувачко.
“Вашиот природен копнеж е да создадете нешто од ништо”, тој рече. “Но овој спот веројатно создаде повеќе љубов во мојот дом од се’ друго што сум направил. Тоа беше предизвикување на начинот на кој ги создаваме работите. Тоа беа пронајдени снимки околу кои ја изградивме стратегијата. А јас бев секогаш тој што се спротивставуваше на содржините создадени од корисници, да бидам искрен.”
Не можете да ги оспорите резултатите: “Friends Furever” е споделена повеќе од 6,4 милиони пати на Facebook, Twitter и блогосферата од нејзиното лансирање во февруари. Тоа ја прави најсподелуваната реклама на сите времиња, надминувајќи ја рекламата на Activia за Светското Првенство во фудбал во 2014 “La, La, La” која имаше околу 6,1 милиони споделувања.
Животните се злато вредни за социјалните медиуми. Покрај “Friends Furever”, уште три спотови со животни – во сите како главна ѕвезда се јавува куче – се најдоа во топ 10: видео на BuzzFeed за Purina на 3 место; спотот на Budweiser за Супер Болот “Lost Dog” на 5 место; и “Unlikely Best Friends” на Kleenex на 10 место.
“Love Has No Labels” на The Ad Council се најде на 6 место, и е една од осумте реклами кои поддржуваат добри каузи. Три реклами на Adidas се најдоа во топ 20, единствениот бренд кој се најде повеќе од еднаш на листата. (Nike, за промена, го нема на листата.)
“Анализата на податоците за 1300 реклами докажува дека 2015 беше високоемотивна година за видео рекламите”, изјави ко-CEO и ко-основачот на Unruly Сара Вуд. “Од друга страна, топлина и среќа блескаа насекаде, така што брендовите употребуваа слатки миленици и едноставни приказни со кои ги топеа нашите срца и го зголемуваа споделувањето. Во истиот момент, други огласувачи се поврзаа со социјални каузи, предизвикувајќи силни чувства на тага и инспирација. Не значи дека адвертајзингот ја изгуби својата смисла за хумор, туку само дека пронајде чувство за повисоки цели.”
Вкупното споделување на топ 20 рекламите е повисоко за 40% во споредба со 2014, со 40,2 милиони споделувања соредени со минатогодишните 29 милиони.
Еве ги топ 20 најсподелувани реклами за 2015:
1. Android “Friends Furever”
6,432,921 споделувања