Фестивалот на европскиот филм Cinedays и маркетинг агенцијата Публицис Скопје минатата недела реализираа феноменална дигитална кампања која го “запали” македонскиот online-свет.
Кампањата која со право може да го носи епитетот на една од воопшто најдобрите дигитални кампањи реализирани кај нас предвидуваше прв оригинален обид за снимање кратки филмови во живо со најхрабрите твитерџии, во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“.
Одбрани твитерџиите беа „режисери“, а сите останати Твитер корисници можеа да бидат „сценаристи“ на кратките филмови и да им помагаат на своите твитер-колеги околу случувањата во собите. На крај, сите заедно го избираа најдобриот филм.
Што е филмот со #филмвоживо? Ѕирнете тука https://t.co/PRik6hTYgV @MKC_Skopje
— Recepcionerot (@recepcionerot) November 17, 2015
#ФилмВоЖиво – се снимаше три дена во три различни соби во хотел Синедејс во периодот од 13 до 14 часот а стримингот од филмовите можеше да се гледа на сајтот на Cinedays како и преку првите live-feed банерии во Македонија поставени на дел од најпопуларните веб сајтови.
Buzz-от кој го предизвика кампањата преведен во бројки изгледа вака:
ВКУПНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ХАШТАГОТ #ФИЛМВОЖИВО
Time top 5 tweets (17.11.2015)
Трендинг хаштаг во Mакедонија
#ФилмВоЖиво како најкористен хаштаг во Македонија во изминативе 30 дена
Кампањата како свои “амбасадори“ – режисери ги имаше @JBurgundi и @mnogufina кои беа „режисери“ во собата на писателот. @mila_la и @Gas_maska беа „режисери“ во собата на љубовниците, а @jocoska и @strezovski беа „режисери“ во собата на киднаперите ( @Gas_maska беше вклучен и како еден од глумците во таа соба)
Останатите твитерџии можеа да го следат стримот во живо и да даваат предлози на хаштагот #филмвоживо како да се одвива дејството во собата и ако нивниот предлог е ретвитнат од „режисерите“, тогаш тоа е следната акција што требаше да ја направи ликот во собата.
Со тоа сите Твитер корисници можеа да станат “сценарист“ во филмовите и да добијат карти за филм по избор од репертоарот на „Синедејс“ и маичка.
Сите три филма добија и своја премиера во саботата во Џебно кино – МКЦ.
Навистина ова претставува одличен пример како преку една од најактивните online заедници да се направи одлична кампања која ќе предизвика огромен buzz и на иновативен начин ќе придонесе за зголемувањето на свесноста за настанот и да анимира огромен број на луѓе.