Неколку дена после смртоносните напади во Париз во кои беа убиени 129 луѓе, едно списание победнички пишува во предговорот. “И така одмаздата беше извршена меѓу тие, кои се чувствуваа заштитени во пилотската кабина на нивниот авион”, пишуваат авторите под сликите на мртви и окрвавени луѓе, а насловот гласи “Само терор”. Списанието е DABIQ – официјален весник на групата ‘Исламска држава на Ирак и Левант’ (ИСИЛ), која превзеде одговроност за нападите. Нејзината акција во Европа беше распространета на останатите медиуми на организацијата – од социјални мрежи, преку радио-програма до видео-продукција. Тоа се и каналите кои ги употребува за пропагандни цели и прибирање на прврзаници и борци.
Низ текот на годината, џихадистите докажаа дека со иста леснотија ги користат и YouTube, Twitter, Instagram и Tumblr. Создаваат онлајн кампањи за примамување на ‘доброволци’. Секојдневно постираат како аматерски, така и професионално монтирани клипови и снимки, кои потоа се распространуваат низ целиот свет – од обични корисници, но и од водечки светски медиуми кои се принудени со сите средства да следат еден конфликт кој нивните камери не можат да го снимат. ИСИЛ во пракса го покажува најлошиот начин на кој медиумите можат да бидат искористени – за пропаганда, војна и смрт.
Медиуми и цели
ИСИЛ ивестира во цел свој медиски штаб – Al Hayat Media Center, кој има клучна улога во медиумската стратегија на групата (парадоксално, Al Hayat на арапски значи ‘живот’). Основна мисија на центарот е да продуцира онлајни мултимедијални содржини – професионални пропагнадни филмови за ‘Исламската држава’ и клипови за прибирање на борци. Голем дел од продуцираните содржини се наменети за аудиториум кој се служи со арапскиот јазик. Меѓутоа, има и филмови и текстови кои се создадени специјално за западната публика. Тие се најчесто на англиски, а поретко и на руски и турски јазик. Медиумскиот центар постои виртуелно, а според странските медиуми и истражувањата, суровиот материјал за филмовите и видеата се дело на самите борци, а монтирањето и постпродукцијата се случува на различни места во Ирак и Сирија, но претежно во западни држави.
Al Hayat Media Center го издава и официјалното списание на ИСИЛ – DABIQ. Тоа има модерна и бесплатна дигитална верзија на арапски и англиски јазик, но излегува и на хартија – на англиски, арапски, а од пред скоро време и на турски јазик. Во почетокот на оваа година DABIQ успеа да го излажи сајтот за електронска трговија Amazon и скоро четири месеци изданието се продаваше таму по цена од 8 долари. Во првиот број на DABIQ, публикуван во јули 2014, е вклучена програмска статија со наслов “Враќањето на калифатот”, а дизјанерите на списанието искористиле карта на ‘државата-калифат’ за позадина на насловната страница. Во вториот број, под насловот ‘Ураганот’, за прв пат е публикувана јасна слика на портпаролот на организацијата Мохамед ал Аднани. На насловната е прикажан брод кој плови на високи бранови, како референца за стремежот за успех на организацијата. Третиот број се фокусира на егзекуцијата на новинарот Џејмс Фоли.
Името DABIQ доаѓа од истоимениот мал град во северна Сирија, каде според исламската традиција, треба да се одигра последната битка – исламска верзија на Армагедон.
Ирачкиот новинар Мохамед Халаф, кој со години ги следи дејствијата на Блискиот Исток, објаснува, дека секоја провинција под контрола на ИСИЛ има свој специјализиран медиски центар. Тие произведуваат содржини за радио, брошури, флаери и видеа кои што се емитуваат на локалните телевизиски канали. Многу од тие центри имаат свои сајтови на арапски јазик и ја исполнуваат улогата на кореспондентски центри од различните провинции. Материјалите на медиумите на ИСИС се распространуваат многу брзо и од западните портали. Свеж пример е видеото објавено помалку од еден ден по нападите во Париз, на кое се гледа ‘прославата’ на нападот. Документот, во кој организацијата превзема одговорност за нападите, беше дистрибуирано на англиски, турски и руски.
ИСИЛ имат и специјален човек, кој е одговорен за комуникацијата на социјалните мрежи – Ахмад Абу Самра. Неговото име стана познато кон крајот на 2009 година, кога ФБИ го вклучи во списокот на најбарани терористи. Според британскиот весник Daily Mail Абу Самра е роден во Франција, има 34 години, учел во католичко училиште, а потоа заедно со своето семејство се преселил во Бостон, каде што се запишал на универзитет. Абу Самра има американско и сириско државјанство. Умее добро да ги користи информатичките технологии – тоа и студирал на униврзитет. Сајтот на ABC News, објави дека во 2004 година, Абу Самра заминал во Ирак и таму почнал да работи во информатичкото крило на Ал-Каеда. И во двете терористички организации тој бил одговорен за ширењето на екстремистичките идеи помеѓу американските, британските и канадските граѓани со цел да ги убеди да се вклучат во редовите на организацијата. Во медиумите некоколку пати излезе информацијата дека Абу Самра е убиен, но досега тоа не е потврдено.
Освем Al Hayat Media Center постојат уште неколку структури кои работат на медиската политика на ИСИЛ. Тоа се институтите за медиска продукција (главно видеоклипови) Al-Furqan и двете медиски фондации Al-I’tisam и Ajnad. Првата се занимава со производство на телевизиски содржини. Има официјален сајт на арапски, на којшто се прикачени сите клипови создадени за целите на ИСИС. Истотака, тие се шират и на многу онлајн платформи, вклучувајќи го и YouTube. Ajnad пак, е ангажирана за креирањето на создржините за радио-програмите на ИСИС и ширењето на екстремистички песни.
Ефектот од пропагандата
Само пред еден месец, турскиот весник ‘Хуриет’ напиша дека ИСИЛ одделува 1.2 милиони долари годишно за своите интернет кампањи. Весникот се повикува на свој извор од НАТО, кој тврди, дека ‘Исламската држава’ стои зад 46 илјади профили на Twitter и објавува околу 250 000 микросоопштенија секој ден. Овие информации се поткрепени и од истражувањето направено од американскиот институт Brookings.
Парите на ИСИЛ доаѓаат главно од наметнувањето на даноци на локалното население и од незаконска трговија со нафта и древни артефакти. Во речиси секој број на списанието DABIQ се објавуваат и фотографии на два заложници, за кои се бара откуп. Минатата година џихадистите добиле 250 милиони долари од откуп, покажуваат разузнавачките податоци на НАТО.
Пропагандата на групата очигледно функционира, бидејќи бројот на приклучени борци од странство се удвоил од 2014 година, а околу 1000 луѓе се влеваат во нејзините редови секој месец, иако во последно време бројот на Европејците се намалува – меѓутоа на сметка на руските граѓани, претежно Чеченци. Тоа ги објаснува и стремежите на организацијата за создавање на пропагандна медиска содржина и на руски јазик.
Лина Хатиб, истражувач од лонднскиот универзитет SOAD, која до неодамна беше аналитичар во Carnegie Institute for Middle East во Либан, објаснува во своите публикации и изјави за странски медиуми дека ИСИЛ се потпира на најсовремените медиски средства како основно оружје, рамноправно на воената технологија. Според неа, присуството на ‘Исламска држава’ во медиумите се повеќе се проширува. “ИСИЛ се развива како секоја голема компанија или политичка партија, која води кампањи за популарност како основен начин ширење на своето влијание и привлекување на поддржувачи”, коментира Хатиб и додава, дека примената на социјалните мрежи кај џихадистичките групи не ништо ново, ниту изненадувачко.
“ИСИЛ го зголемува степенот на насилство, за да го привлече вниманието на светските медиуми”, објаснува либанската аналитичарка и дава пример со тоа кога САД и нејзините сојузници ги започнаа нападите врз ‘Исламска држава’ во Ирак, групата започна да бара начини како да земе Американци како заложници, за да се одмазди и да се најде во вестите – како случајот со обезглавените американски новинари Фоули и Сутлов. Хатиб сепак смета дека ИСИЛ се соочува со нов предизвик – Twitter и Facebook веќе соработуваат со западните влади за остранување на сите профили поврзани со ‘Исламска држава’. Тоа би бил сериозен удар против групата и пат кон справувањето со неа. Како што изјави Хатиб, “Секој план за искоренувањето на таа организација треба да поврзан не само со ликвидирањето на нејзиното политичко и воено влијание, туку и со ликвидирањето на нејзиното информационо влијание”.
Преземено од Capital.bg