Производителот на игри Supercell е победник на годинешната YouTube Ads Leaderboard листа на Google и Adweek за најгледаните реклами во 2015 година поставени на YouTube.
Рекламите за две различни Supercell игри, Clash of Clans и Boom Beach, се најдоа меѓу четирите најгледани спотови во годината. Рекламата за Clash of Clans, која беше емитувана и за време на Супер Болот и во која главна улога има Лиам Нисон, се најде на првото место.
Во топ 10 се најдоа и многу емоционални, инспиративни и опшествено ангажирани реклами. “Love Has No Labels” на The Ad Council и најновата реклама во “Like a Girl” кампањата на Always се најдоа меѓу првите шест. На листата се најде еден фасцинантен социјален експеримент за домашно насилство, направен за еден италијански веб-сајт.
Hyundai се најде на второто место со “A Message to Space.” Adidas, Durex, Samsung и Budweiser исто така имаа место во листата. (Доколку се прашувате за “Friends Furever” рекламата на Android, најсподелуваната реклама за 2015 и воопшто на сите времиња – таа не се најде на листата бидејќи поголемиот број од нејзините прегледи се на Facebook, а ‘само’ 25 милиони на YouTube).
Топ 10 реклами за 2015 имаат вкупно 470 милиони прегледи, споредено со 425 милиони на минатогодишната ‘десетка’. Скоро две третини од тие 470 милиони прегледи биле преку мобилен.
Топ 10 најгледани реклами на YouTube за 2015 година се:
1. Clash of Clans: Revenge
82,239,882 прегледи
2. Hyundai: A Message to Space
69,786,381 прегледи
3. The Ad Council: Love Has No Labels
55,094,962 прегледи
4. Boom Beach: Speech
49,276,685 прегледи
5. Adidas: Unfollow feat. Leo Messi
43,315,270 прегледи
6. Always: #LikeAGirl – Unstoppable
38,057,841 прегледи
7. Durex: #Connect
37,448,014 прегледи
8. Samsung Galaxy S6 and S6 edge: Official Introduction
33,638,159 прегледи
9. Fanpage.it: “Slap her”
31,066,954 прегледи
10. Budweiser: “Lost Dog”
30,344,377 прегледи