На доделувањето на годинешните награди на Српската асоцијација на менаџери (SAM), I&F McCann Група е наградена со признанието за „Регионален проект на годината“. Ова признание се доделува на компаниите кои со своите проекти допринеле за промоција на целиот регион како инвестициска дестинација и за развој на надворешно-трговските врски на Србија и околните земји. Со инвестициите во Хрватска и преземањето на агенциите McCann и Universal McCann Загреб, I&F McCann Група стана вториот најголем афилијациски партнер на компанијата IPG i McCann Worldgroup во светот, и водечки регионален комуникациски систем кој успешно работи во осум земји во југоисточна Европа.
„Од основањето на агенцијата пред 18 години, работиме на интегриран пристап на сите пазари од нашиот регион. Изградивме тим од 350 посветени и талентирани луѓе и благодарение на сите нив, оваа награда е и можна. Со инвестирањето во Хрватска, создадовме организација која на своите деловни партнери, водечки интернационални, регионални и домашни компании, им нуди сеопфатна услуга од доменот на комуникациите, со што допринесуваме за развој на нивното работење и создавање на поволна бизнис клима во регионот“, изјави Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Група.
Во име на организаторот, наградата, на основачот на I&F McCann Група Срѓан Шапер, ја врачи претседателот на Европскиот манаџмент на асоцијации, Konstantinos Lambrinopulos.
Агенциите кои се членови на I&F McCann Група, добија повеќе од 400 награди на меѓународните, регионалните и домашните фестивали, меѓу кои се и две најзначајни награди од областа на адвертајзингот, Златен и Бронзен Лав на Фестивалот Cannes Lions, додека агенцијата McCann Белград оваа година е прогласена за најуспашна агенција во Србија.