Новогодишните празници се одлична можност за домашните маркетинг агенциите да сработат креативни новогодишни честитки, што би се рекло “за своја душа“…како финален проект со кој на своите вработени, соработници и целата јавност ќе им ја честитаат годината што доаѓа – притоа промовирајќи го својот креативен потенцијал и вредностите кои ги следат во овој “занает“.
Маркетинг365 и оваа година направи избор на најдобрите новогодишни честитки од македонските маркетинг агенции:
Меккен Скопје
Креативците од Меккен Скопје новата 2016 година ја поздравија со одлична мотивирачка видео честитка инспирирана од американскиот астронаут и астрофизичар Carl Sagan.
Идеа Плус Скопје
Идеа Плус новата година ни ја честиташе со супер забавна видео честитка во која беше вклучен речиси целиот тим на агенцијата + Дедо Мраз, покажувајќи ни дека успешно завршената година треба да ја заокружиме со супер журка во која можеме и малку “да откачиме“ :)
Њу Момент Њу Идеас Скопје
Тимот на Њу Момент, својата новогодишна честитка ја презентираше во форма на специјално дизајнирана новогодишна веб страна: http://d.newmoment.mk/2016/ , новогодишните празници се време да одмориме….time off…