Facebook ќе им овозможи на дел од своите партнери да создадат интерактивни ботови за чет-платформата Messenger. Преку нив, потрошувачите ќе можат да купуваат и да бараат услуги преку разговор со автоматизиран систем. Софтверските решенија, кои брендовите ќе можат да ги разработуваат, ќе имаат можност за претставување на инфорамции, слики, локации и директни продажби. Овој чекор на Facebook ќе биде прв во преработката на чет-платформата како центар за услуги.
Во март минатата година, компанијата на Марк Зукеберг ја претстави програмата Messenger Business, со која огласувачите ќе можат да ги оддржуваат врските со своите потрошувачи полесно и поуспешно со низа инструментие создадени за потребите на брендовите.
Стратегијата на Facebook сепак не е нова. Слични решенија се забележуваат и кај други чет-апликации како WeChat и Line, кои се популарни во Азија. И двата производи им даваат можност на луѓето да нарачаат такси, да купат билети за претстави и патувања и да ги плаќаат своите сметки директно преку платформата.