Познатото Жујино трио Биторајац, Богдан и Навојец направија турнеја по малите места и села во Хрватска
Дека сите места во Хрватска се закон (нели слоганот им е “Жуја је закон“), наскоро ќе покаже новата кампања на Ожујско пиво – Држава,Село, Град со веќе познатите „Жујини“ ликови од досегашните кампањи, Горан Богдан, Рене Биторајац и Горан Навојец.
Во режија на Бруно Анкович и креативците од агенцијата BBDO Загреб, ова трио направи турнеја по малите места со необични и интересни називи со цел да ја остварат главната цел на оваа кампања , односно дополнително да го истакнат богатството и различноста на хрватската култура и малите средини кои денес често, но неоправдано се занемаруваат. Со цел популаризација на малите средини и истакнување на нивниот идентитет, новата „Жујина“ кампања Држава, Село, Град, патувала низ Хрватска и посетила интересни места со необични називи, како што се Пивница Славонска, Свињаревци, Горње Цепидлаке, Цуговец, Штарковец, Шпичковина, Доња Батина, Грдосело, Женодрага, Гачелези, односно со други зборови, посетила места за кои многу од нас немаат ниту слушанто.
Кампањата е своевидно продолжување на Жујината кампања Дијалекти која на одличен начин ги претстави по малку запоставените делови од хрватската традиција и разноликоста на хрватскиот јазик и култура.“Дијалекти“ предизвика голем интерес од јавноста со 700 илјади прегледи на спотовите од таа кампања и досег од 1,4 милиони луѓе преку Фесјбук. Ако се суди по тие бројки и реакцијата на публиката на Жујината кампања за Дијалекти, успехот на кампањата Држава, Село, Град, е загарантиран.
Начинот на кој Ожујско ги спроведува последните 2 комуникациски платформи е одличен пример како треба да се комуницира еден пивски бренд кој сака да се нарекува национален симбол, зајакнувајќи ги врските со својата “публика“ преку силно поврзување на емоционалните врски и традиционални вредности.