Coca-Cola ја отпочна својата најголема маркетинг кампања во декадата, обединувајќи ги своите четири бренда под еден нов слоган: ‘Taste the Feeling’.
Гигантот за пијалоци ќе ги отфрли различните бренд идентитети како Red Coke, Life, Zero и Diet/Light Coke. Наместо тоа, сите четири брендови ќе бидат означени како варијанти на Coca-Cola. Ова е прв пат како компанијата го прави ова под една глобална кампања.
Coca-Cola ја тестираше оваа ‘еден бренд’ стратегија минатата година во повеќе маркети низ Обединетото Кралство. Генералниот маркетинг директор на Coca-Cola Маркос де Квинто објасни: “Оваа стратегија на генерирање под-брендови, наместо варијанти, го изобличи главниот бренд. Различните брендови понекогаш беа во спротивност со идентитетот на Coca-Cola. Создавањето на брендови за различни луѓе со различни карактери комплетно го поткопува фундаменталното бренд ветување на Coca-Cola.”
Со други зборови, таргетирањето на новата Coca-Cola Life кон софистициран, главно женски потрошувач, сугерира дека оригиналната Coca-Cola не е повеќе инклузивна за таа публика.
Зајакнување на Diet Coke, Zero и Coca-Cola Life
Исто така, де Квинто додаде дека пристапот со под-брендови не бил ‘оптимален’ за продажбата на ниско-шеќерните брендови на Coca-Cola.
Coca-Cola се најде под притисок поради својата улога во зголемувањето на гојазноста и стапките на дијабетис, па де Квинто се осврна на залагањето на компанијата да произведува варијанти на пијалокот со помалку шеќер.
“Ние сме во можност да имаме на пазарот верзии на Coca-Cola со нула шеќер, нешто што е многу потешко за другите членови на индустријата за храна и пијалоци. Но, ние не мислиме дека тоа е доволно, и тоа е една од причините зошто се одлучивме на промена на стратегијата. Ние сакаме да продолжиме со напредок”, рече тој.
Компанијата направи пет реклами за почетокот на глобалната кампања, која ќе ја замени седумгодишната ‘Open Happiness’ кампањата, и уште дополнителни пет реклами кои ќе бидат претставени подоцна.
Еден спот кој е насловен како ‘Anthem’, ќе се емитува на сите пазари, е изграден врз серија на моменти како лизгање на мраз и прв бакнеж, поврзани со Coca-Cola. Вклучена е и оригинална песна, напишана за кампањата, и нова препознатлива мелодија која ќе биде користена низ кампањата.
Некои од рекламите ќе бидат направени од повеќе од 100 различни фотографии на луѓе низ светот како уживаат во Coca-Cola во различни секојдневни моменти, снимани од модните фотографи Гај Арч и Начо Ричи.