(СВЕТ) – Пеле Сјоенел, извршниот креативен директор на BBH Los Angeles, ќе ја превземе позицијата на глобален креативен директор во Bartle Bogle Hegarty групацијата. Тој доаѓа како замена на Александре Гама, кој ја напушти групацијата за да се фокусира на неговата сопствена агенција, бразилската Neogama. Сјоенел ќе ја води групацијата заедно со извршниот директор Нил Мун.
Сер Џон Хегарти, коосновач на BBH, изјави: “Лично, сум пресреќен што Пеле ќе ја води BBH на креативен план. BBH отсекогаш била водена со креативност.”
“Со цел продолжување на традицијата во свет на растечки потреби и можности, потребно е не само да ги најмуваме најдобрите креативци, но истовремено да бидеме и водени од најдобрите. Затоа сум возбуден за назначувањето на Пеле Сјоенел како наш нов глобален креативен директор,” додаде тој.
Сјоенел се придужил на BBH во 2007 година и поминал три години во BBH New York, пред отворањето на канцеларијата во Лос Анџелес во 2010, каде што ја имаше функцијата на извршен креативен директор.
Во Њу Јорк, Сјоенел стоел зад повеќе наградувани кампањи, вклучувајќи ги и “Oasis – dig out your soul in the streets”, која освои Титаниум Лав во Кан; “clean your balls” за Axe – најзборуваната кампања на социјалните медиуми во годината кога е претставена; и “Dear Sophie” за Google, која беше прогласена за најдобра реклама на годината според Time.
Во 2014, го основал The Creative Studio, заеднички потфат со SB Projects на Скутер Браун. Студиото создава содржини за клиенти како музички видеа, реклами, промоциски видеа и слично.
Сјоенел изјави: “Се вљубив во адвертајзингот поради Levi’s рекламата која BBH ја создаде уште кога бев тинејџер. Пресреќен сум и почестен со превземањето на креативното кормило во оваа голема агенција. Само белите овци можат да бидат натерани во стадо. За да водите црни, треба да бидете една.”