Благодарение пред се на маркетинг агенцијата Wild Communication, почнувајќи од 1 април оваа година, белграѓани имаат можност “Турција“ да ја запознаат преку нов, иновативен и атрактивен концепт на комуницирање преку светлечки билборди кои испуштаат мирис.
Имено, како што пренесува порталот Маркетинг Мрежа, во централното градско подрачје на Белград на три локации се поставени првично три билборди кои за прв пат во Белград и Србија покрај веќе познатите аудио-визуелни ефекти ќе бидат придружени и со автентичен турски мирис.
Ова е прв пат “Турција“ да се определи за промоција на ваков начин. Креативната замисла е на агенцијата Wild Communication додека техничката реализација е дело на DPC Multivision.