Агенциската мрежа UM (Универзал Медиа) е прогласена за медиска агенција на годината спрема годишната листа на специјализираниот магазин и портал „AdAge’s”. Спрема сите показатели, од приходи, број на нови клиенти, кампањи, учества на питчевите, агенциската агенција UM, била подобра од конкуренцијата. „Ad Age“ нагласува дека во турбулентни времиња, UM знае да ги задржи своите клиенти и да освои нови, значајно инвестирајќи во податоците и своите алатки, помеѓу останатите и во Business Analytics Engine, од една страна и креативноста во изнаоѓање оптимални решенија во планирањето и медиа закупот од друга страна.
UM во 2015 година победи на питчевите за Coca-Cola, Johnson & Johnson, значајно зголемувајќи го бројот на нови клиенти. Соработката со долгогодишните, како и со новите клиенти резултирала со зголемување на приходите дури за 15 %. Со постојаното унапредување на постоечките услуги кои UM секојдневно им ги нуди на своите клиенти, како и со развојот на нови, пред се, во областа на дигиталните услуги и содржини, економетрија, медиа планирање и медиа закуп, UM успеа да одржи водечка позиција помеѓу медиските агенции.
За глобалниот успех придонесоа и агенциите UM, кои работат во југоисточна Европа во рамките на I&F McCann групата меѓу кои е и Universal Media Skopje, водечката медиска агенција во Македонија. Така агенцијата UM пред две години започна соработка со компанијата L’Oréal на осум пазари во регионот, додека за авио кампанијата Air Srbiјa се осмислени и реализирани поединечни кампањи на дури 16 европски пазари. Покрај нив, UM во регионот на југоисточна Европа веќе има долгогодишна успешна соработка со компании како што се Coca-Cola, Carslberg Srbiјa, Delhaize Srbiјa и други.
“Големо е задоволството да се биде препознат како најуспешен во индустрија која е прилично конкурентна. Посебно ме радува сознанието дека сме препознаени од страна на големи огласувачи со кои соработува UM во Србија и нашиот регион. Големото искуство и посветеност на својата работа секогаш се исплатува. Добро е да се биде UM !“изјави Билјана Колаковиќ, регионален директор на Universal Media.
Ова е постигнато пред се со прогресивен однос спрема медиумите и се поголема персонализација. Модерниот потрошувач стана актер во градењето на брендовите низ своите активности на социјалните мрежи. Повеќе не е доволно да се биде иновативен и интересен, туку е потребно да се допре до потрошувачот. Што повеќе потрошувачи имаат пристап до информациите, помалку време поминуваат посветени на некоја тема и таа е со тоа, и помалку време релевантна за потрошувачите. Всушност, се е во тоа да се открие и искористи тој краток момент на релевантноста.
Дерил Ли, глобален извршен директор на UM, истакнува дека работата на медиската агенција е да креира специјални медиски моменти за вистинските потрошувачи во вистинско време, од големи, епохални или мали, секојдневни моменти како би се дошло до нивното внимание и брендовите да бидат релевантни за потрошувачите и додава: „Мораме да знаеме кога е сезона на алергии и кога некој ќе кивне, во реално време да му се понуди решение“.
За тоа се потребни податоци, искуство, експертиза, интуиција и креативност за да се открие, „таргетира“ тој момент, а UM агенцијата ширум светот поседува талентирани професионалци, експертиза, иновативни алатки и стратешки пристап за „таргетирање“ на вистинскиот момент.
Светската агенциска мрежа UM има преку 4.800 вработени во 151 агенции кои работат во 127 земји.