Мали буџети, нестручен кадар, content маркетинг и репутација на професијата – се клучните предизвици со кои се соочила комуникациската и креативната индустрија во Србија во 2015 година, според резултатот на последното истражување кое во соработка со агенцијата MASMI, го спроведе порталот Marketing mreža. За клучните трендови во професијата за 2016 година ќе се дискутира на вториот регионален форум на комуникациските лидери – IZAZOV 2016, кој ќе се одржи на 2 и 3 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку различни видови на интерактивни работилници. Во текот на траењето на форумот своите студии на случај на агенциите ќе им ги претстават и компаниите: IKEA Србија, LOREAL Adria-Balkan, Војводинска банка, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA осигурување, Societe Generale банка, Infostud, Ушче шопинг центар, Microsoft Србија и многу други.
Ставовите за движењето, новите трендови и предизвиците на струката, ќе ги истакнат стручњаците за комуникации на странските и домашните компании кои работат во Србија.
Претстојната година со себе носи и нови предизвици, а како што велат од секторот за корпоративни комуникации на компанијата Delta Holding, најголем предизвик за комуникаторите во 2016 ќе биде соодветно да се прилагодат на ситуацијата во традиционалните медиуми и вешто да ги воведат иновациите од доменот на новите медиуми, а со цел воспоставување најдобра комуникација со целните групи.
Јована Миличевиќ, External Communications Expert во компанијата Vip Mobile вели дека социјалните мрежи веќе се позиционираа како своевиден медиум, со што го разбија традиционалниот ланец на информации, кој се движеше од компаниите, преку агенциите кон медиумите и на крајот дојде до публиката разбиен, но се појавуваат и нови извори на информации. “Имајќи го сето тоа во предвид, зголемена е потребата за управување на информациите во реално време, што значи дека ќе мораме да бидеме пофлексибилни во комуникацијата и да ја прилагодиме на платформата на која е наменета.”
Тања Татомировиќ, Communications Lead во компанијата Microsoft за Србија, Црна Гора, Кипар и Малта, оцени дека всушност емоциите се нашиот најголем предизвик. “Дигиталната комуникација и комуникацијата во Србија воопшто, мора што побрзо да престане да биде зихерашка и да оди само на сигурна опција, посакувани прашања и одговори. Таа мора да еволуира и да ги искористи можностите од развојот на технологијата со цел да дојде до повеќе информации за потрошувачите и нивните потреби, и од нив да учи, за да тие се изненадат, шокираат, поведат кон целта. Доколку нема емоции – нема ни значаен успех во комуникациите. Тогаш се почнува и завршува само на ниво на неколку клика или прочитени текстови кои брзо ги забораваме. “
Во компанијата IKEA Србија сметаат дека содржината мора да биде релевантна, навремена и конзистентна на сите платформи на кои се „среќаваме“ со потрошувачите, со цел луѓето да ја забележат и да создадат емотивна врска со брендот. “Овај процес ќе го стави пред нас клучниот предизик: трансформација на нашата улога од исклучиво комуникатори, до аналитичари и едни од клучните бизнис партнери во осмислување и спроведување на бизнис статегиите на компаниите”, додаде Маја Вујашковиќ Џуреиновиќ, менаџер за корпоративни комуникации во компанијата IKEA Србија.
Невена Мартиновиќ, менаџер за односи со јавност во компанијата Confluence Property Managment смета дека е неопходно што побрзо да се сфати дека промените се случуваат со брзина на светлината и дека технолошките иновации отидоа подалеку од она што обичниот човек може да процесуира. “За брендовите тоа претставува посебен предизвик, бидејќи пред себе имаат различни целни групи на кои им се обраќаат, а кои подеднакво не ги перцепираат, разбираат и користат сите тие промени. Во таа смисла, предизвик ќе биде креирање на комуникации кои во исто време ги следат сите тие промени и кои подеднакво јасно комуницираат со сите важни групи“.
Пријавувањето за учество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2016 трае до 12 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации на сјтот: www.izazovforum.rs