Super Bowl ќе го одбележи својот 50-ти роденден оваа година, а влоговите се уште поголеми за огласувачите кои треба да платат 5 милиони долари за емитување на спот од 30 секунди.
Еве неколку реклами на брендовите кои веќе ги отпочнаа своите Super Bowl кампањи.
Amazon
Технолошкиот гигант ќе го искористи својот прв Super Bowl спот за да го промовире Echo, својот бежичен звучник и уред на гласовни команди. Ѕвезди на рекламата се Алек Балдвин и поранешниот NFL играч Дан Марино, кои разменуваат идеа за нивната забава на денот на натпреварот.
Bud Light
Долгогодишниот Super Bowl огласувач ги најми Ејми Шумер и Сет Роген за својата реклама за “Bud Light забавата”. Кампањата, која е прво дело на новата агенција на брендот Wieden & Kennedy, која ќе го користи слоганот “Raise one to right now.”
Kia
Актерот Кристофер Валкен изненадува еден човек во гардероб во новото видео направено од David&Goliath. Верзија од 60 секунди, седма последоваделна Super Bowl реклама на автомобилскиот бренд, ќе биде емитувана за време на натпреварот.
Snickers
Мерлин Монро ќе му ја пее Happy Birthday на Super Bowl, кој полни 50 оваа година, во оваа реклама од BBDO New York. Но, во согласност до слоганот на брендот “You’re not you when you’re hungry”, гласот на Монро е малку… поинаков.
Colgate
Colgate настапува со сериозност во својата Super Bowl реклама, потсетувајќи ги луѓето на штедење вода. Видеото вели дека луѓето трошат до четири галони вода кога ќи мијат своите заби, што е “што е повеќе вода отколку што некои луѓе низ светот имаат во една недела.”
Pokémon
За да прослават 20 години од брендот, Super Bowl рекламата на Pokémon прикажува момче кое трча преку планина и ги инспирира другите луѓе на големи подвизи.
Doritos
Во оваа реклама на Doritos, една бремена жена е гневна што нејзиниот партнер јаде чипси за време на нејзиниот ултразвук преглед.
Wix.com
По, протагонистот во Kung Fu Panda анимираните филмови, е ѕвездата на новата глобална реклама на платформата за правење веб-сајтови. По го споредува својот Wix.com-инспириран веб-сајт со веќе постоечките веб-сајтови на гледачите, кои ги опишува како “постари од вчерашни тестенини.”
Quicken Loans
Quicken Loans, најголемиот онлајн хипотекарен заемодавач во САД, ќе ја емитува својата прва Super Bowl реклама оваа година. Создадена од Fallon, рекламата ќе се емитува пред почетокот на шоуто на полувремето и ќе го прикаже ефектот кој купувањето на нови домови го има врз економијата.
Avocados From Mexico
Ова ќе биде втор пат како Avocados From Mexico ќе се рекламира за време на Super Bowl. Во рекламата, актерот Скот Бајо се мачи да реши Рубикова коцка додека се наоѓа во вселенски брод.