Vogue, светски реномираното модно списание, ќе публикува 275 страници со реклами во својот број за месец Март – најголемиот број страни со реклами во едно мартовско издание во стогодишната историја на магазинот.
Бројот претставува годишно зголемување од 27 странци со реклами, вклучувајќи брендови како Apple, UBS и Issey Miyake. Помеѓу “огласувачите-дебитанти” се наоѓаат и брендовите за женска облека Christopher Kane и ba&sh.
Од Vogue изјавија дека ќе објават реклами за мартовскиот број во весниците The Times и The Evening Standard.
Моделот Еди Кембел се наоѓа на насловната од списанието. Изданието ќе вклучува и додаток, спонзориран од Westfield, насловен како “Купувајте ја сезоната: што да купувате и како да го носите.”
Сетфан Квин, publishing director на Vogue, изјави: “Забележуваме значан скок од нашите предвидени планови. Март не’ изненади сите со 27 страници повеќе за рекордни 275 страници за мартовски број. Ова е одличен почеток за стогодишнината, а реакциите на светот на модата и убавината докажуваат дека Vogue останува главниот моден магазин, со печатените изданија во своето срце.”