Кампањата која ќе го промовира овогодинешниот Интернационален Фестивал на Креативноста е заснована врз благодарноста кон одличните идеи
Самостојно развиена, ‘Thank You Creativity’ кампањата е замислена како љубовно писмо кон имагинацијата и уметноста и како потсетник на нивната намена и моќ.
“Ние ја поддржуваме креативноста бидејќи знаеме дека таа е движечка сила во бизнисот и за добри промени. Но, можеме да направиме уше повеќе,” вели Извршниот директор на Lions Festivals Филип Томас. “Нашата мисија не е само да ја наградуваме креативноста, туку и да ги потсетуваме луѓето на нејзината магија и да ни се придружат во благодарноста кон неа за разликата која ја прави.”
Интегрираната кампања вклучува неколку принт решенија и серијал од кратки филмови.
Принт рекламите прикажуваат комуникациски професионалци кои беа запрашани зошто тие се благодарни на креативноста. Нивните зборови се искомбинирани со црно-бели портрети, дизајнирани така што искрените (и понекогаш хумористични) одговори може да блескаат. Првиот краток филм од триделниот серијал го истражува патот на креативноста, следејќи ги влијанијата и изворите на инспирација кои ги поттикнуваат луѓето да тргнат по патот на креативноста, потсетувајќи не’ да продолжиме да го следиме.
Cannes Lions ќе ја поддржи кампањата и со свое сопствено ‘благодарам’ кон креативноста: нов специјално наменет веб-сајт со инспирациски семинари и нагрдувани студии на случани кои ќе бидат бесплатно достапни на јавноста за прв пат. На сајтот ќе има и podcast серијал во кој ќе се навраќаат на класични кампањи, со коментари од луѓето кои стоеле зад нив и тие кои ги инспирирале, како и серијал на “креативни вежби” – активности кои ќе го поттикнуваат размислувањето направени од индустријата за индустријата. Тhankyoucreativity.com ќе биде перманентен ресурс, изграден да помага, охрабрува и овозможува креативност надвор од годишната фестивалска недела.
“Не секој може да присуствува, а само неколку ќе добијат ‘лав’, но инпирацијата и научените работи од Cannes Lions се често споделувани од тие кои ги искусуваат од прва-рака. Ние сакаме да го засилиме процесот и да ги поттикнеме креативците низ светот,” додаде Томас.
Понатака, нови Thank You Creativity иницијативи ќе бидат откриени во претстоечките месеци и ќе го достигнат својот врв за време на овогодинешниот Фестивал, каде што активностите ќе бидат посветени на здружувањето на делегатите заедно со глобалната креативна заедница за едно заеднички искуство.
Интернационалниот Фестивал на Креативност ќе се одржи по 63 пат во периодот од 18 до 25 јуни 2016 година.