PR 2020, 14-тата конференција на Хрватското здружение за односи со јавноста (ХУОЈ) ќе се оддржи во Опатија на 17 и 18 Октомври во Гранд Хотелот “4 Опатински цвета“
Звезди на овогодинешната PR 2020 конференција ќе бидат Ralph Tench , познат универзитетски професор и раководител на докторски студии на Leeds Business School, како и Sue Wolstenholme – претседателката на британското здружение на комуникациски стручњаци (CIRP)…како и останати атрактивни стручњаци од странство.
PR 2020 ќе се обиде да одговори на прашањата од типот како ќе изгледаат односите со јавност во иднина, кои познавања ќа бидат клучни за нашата професија, кои трендови ќе ја насочуваат нашата професија и што донесува дигиталната револуција. Ќе се зборува за важноста на интерните комуникации, за тоа како се комуницира хрватскиот туризам и кои се предизвиците со кои се соочуваат денешните лидери. 2013 год. е изборна година па ќе се дискутира и за феномените кои локалните избори ги донесоа на сцена.
Сите учеснициги очекува и концерт на Nene Belana & Fiumensa.
За учество на конференцијата се поканети ПР професионалците од регионов па така и од Македонија, а редовните пријави веќе се отворени и траат до 11 Октомври 2013. Пријавите се примаат по пат на фејсбук апликација.
За членовите на ЗОЈМ (Здружението за односи со јавноста на Македонија) важат истите износи за котизација како и за хрватските членови на ХУОЈ, а тоа се 1300 kn + DDV , со напомена дека при пријавувањето треба да ја означат опцијата: членови на ХУОЈ.
Исто така е овозможено и пријавување преку веб сајтот на ХУОЈ , а до деновите до конференцијата на веб сајтот на може да се прочитаат и дополнителни информации за предавачите, работилниците и учесниците на панел дискусиите… програмата на конференцијата може да се види тука.
За сите учесници на конференцијата PR 2020 овозможени се и поволни цени за сместување во Гранд Хотелот “4 Опатински цвета“. Сместувањето може да се резервира со испраќање на ОВОЈ образец на следниов e-mail : info@milenijhoteli.hr
За сите дополнителни прашања и информации можете да ги контактирате организаторите на info@huoj.hr
Се гледаме во Опатија !