Социјалните медиуми силно влијаат врз тоа како луѓето од различни делови на светот споделуваат информации меѓу себе. Ова се дефинитивно добри вести за маркетерите и бизнисмените бидејќи можат да ги употребуваат социјалните медиуми за промовирање на нивните брендови. Во изминатите неколку години, социјалите медиуми се имаат здобиено со голема моќ во светот на маркетингот. Само во 2015, маркетингот на социјалните медиуми имаше значителен развој поради тоа што социјалните платформи постојано се надградуваа, додавајќи опции со кои би ги помогнале бизнисите. Имајќи го тоа во предид, сигурно дека и во 2016 ќе забележиме некои значајни маркетинг трендови.
Еве неколку кои експертите ги очекуваат:
1. Копчто “Купи”
“Купи” (“Buy”) копчето ќе биде многу популарно на социјалните медиуми откако ќе биде имплементирани, бидејќи се’ повеќе и повеќе луѓе купуваат работи онлајн. Всушност, Фејсбук веќе го воведе своето ‘Купи’ копче. Некои Фејсбук страни го имаат ‘Купи’ копчето, така што потрошувачите можат да купуваат или нарачуваат производи директно од страната. Не би било изненадување долколку се воведе и “Продади” (“Sell”) копче за членовите на заедницата кои сакаат да купуваат и продаваат различни работи. Но, тоа е нешто што допрва треба да биде. За сега, го имаме “Купи” копчето.
2. Повеќе платен адвертајзинг
Како што социјалните медиуми стануваат се’ повеќе и повеќе персонализирани, платениот адвертајзинг ќе игра се’ поголема улога во маркетингот на социјалните медиуми. Бизнисите ќе имаат потреба од се’ повеќе ‘допаѓања’ на нивните Фејсбук страни и се’ повеќе ‘следбеници’ на нивните корпоративни Твитер профили. Зошто? Затоа што луѓето ќе ги следат само оние Фејсбук страни и Твитер профили кои се вредни за следење. Со други зборови, тие ќе ги следат само оние кои се популарни и кои имаат доволно добри рецензии или репутација. Секако, популаноста на Фејсбук страните се мери со бројот на ‘допаѓања’, а популарност на Твитер профилите со бројот на ‘следбеници’. Имајќи го во предвид ова, можеме да очекуваме дека бизнисите ќе плаќаат повеќе на Фејсбук и Твитер за да ги рекламираат нивните страни и профили, за да добијат повеќе ‘допаѓања’ и ‘следбеници’.
- Пораст на онлајн видео адвертајзингот
Бидејќи споделувањето на видеа е многу лесно со сајтови како YouTube, дури и Facebook, тие ќе бидат еден од главните адвертајзинг медиуми во 2016. Добивањето на YouTube прегледи сега ќе биде поважно од секогаш. YouTube ќе биде еден од главните медиуми кој бизнисите ќе го користат се со цел да ги шират своите видео реклами. Можеме да очекуваме и дека бизнисите ќе трошат повеќе за промоција на нивните видеа на YouTube. Колку повеќе прегледи има едно видео, толку попопуларно ќе биде тоа меѓу луѓето. Ова може да стане реалност и на Instagram, од каде има најава за промовирањ на видео реклами.
4. Присутноста на инстант статиите
Кога ќе видиме статија на Фејсбук или Твитер, треба да кликнеме на линк кој ќе не однесе до веб сајтот каде што е објавена статијата. Во 2016, ќе можeме да го забележиме трендот на се` повеќе инстантни статии на социјалните платформи. Нема повеќе да биде потребно да бидеме редиректирани на сајтот каде што е објавена статијата. По кликањето на избраната статија, ќе можеме да ја читаме на ‘лице место’.
5. Грижата околу приватноста ќе има ефект врз тоа како корисниците гледаат на социјалните медиуми
Дури и да речеме дека социјалните медиуми се користат за да се поврзиме со други луѓе без никаква дискриминација, многу луѓе се’ уште имаат грижа околу приватноста во врска со безбедноста на нивните информации. Ова е особено вистинито поради зголемените кражби на идентитети и информации на интернетот. Поради ова, социјалните медиуми ќе мора да посветат повеќе внимание на грижата за приватност со цел да ги заштитат своите корисници.
- Видео стримингот во живо ќе биде пораспространет
Видео стримингот во живо е нешто што многу луѓе гласно го бараат во последните неколку години. Во 2016, можеме да очекува дека социјалните платформи ќе го направат видео стримингот во живо да биде полесен за корисниците. Всушност, Фејсбук веќе ја додаде опција која им овозможува на корисниците да направат видео стриминг во живо. Бизнисмените и компаниите истотака може да ја искористат оваа опција во своја полза.
7. Поголем број на ‘Големи играчи’
Бидејќи социјалните медиуми стануваат следното ‘големо нешто’, очекуваме голем број на други ‘големи играчи’ кои ќе се натпреваруваат со Facebook, Twitter и Youtube. Изгледа дека Facebook и Twitter нема да бидат осамени на врвот оваа година.