Адвертајзерите влегоа во нашите глави….и тоа буквално ! :)
Знаеме дека наша “работа“ хмм.. да… “работа“ …е да се обидуваме да “влеземе“ во главата на потрошувачите, па што велите на можноста тоа “…влеземе во главата“ да го направиме буквално ?
По се изгледа дека за скоро време ќе можеме… откако германската телевизија Скај и BBDO Германија открија дека развиле нова технологија со која може да се пренесуваат огласи од прозорското стакло на воз директно и тивко до главата на патникот :)
Супер нели ? :)
Патниците кои ќе ја потпрат главата на прозорецот ќе ја слушнат рекламата „која доаѓа дирек во нивната глава“.
Овој концепт се заснова на идејата черепот да делува како проводник, по истиот принцип кој се користи за апаратчињата за слушање – > слушалките…
Изморените патници обично одмораат потпирајќи ја главата на прозорецот. Оддеднаш почнуваат да слушаат како некој им се обраќа и никој друг не може да слушне што гласот им кажува…… Watch this: