Магазинот Sports Illustrated и придружниот Swimsuit додатокот се во центарот на вниманието на повеќе медиуми специјалзирани за маркетинг поради нивото последно издание.
Во најновиот број тие имаат три “насловни“ страни на кои се наоѓа plus-size моделот Ashley Graham, но трикот е во тоа што последната страна е духовито субверзирана, со апсурден осврт на просецот на ретуширање….благодарение на Сникерс :)
Рекламата која е дело на BBDO New York прикажува модел кој (секако намерно) е ретуширан во Фотошоп до совршени пропорции и тен, но ретушерот “зезнал“ неколку работи….а причината за тоа изгледа бил гладот…секако во склад со пораката на брендот Сникерс (“Ти не си ти кога си гладен“).
“Ретушерите грешат кога се гладни“ вели пораката, околу која се наоѓа и една од “Hunger Bars“ чоколадцата на кое името Сникерс е заменето со некој од симптомите на гладта.
Огласот можете да го погледнете подолу, а можете и да се позабавувате :) Од Сникерс велат дека ретушерот направил 11 грешки на сликата, па ги покануваат фановите да им испратат твит ако успејат да ги најдат сите.
Брендот на сличен начин си поигра со внатрешната последна страница со многу слична пародија. На овој оглас моделот е изложен на урагански ветрови, а изгледа дека и овојпат причината за тоа е гладта на операторот на машината за ветар :)
Извор: AdWeek